Македонија
Регистрирани 301 нов случај на коронавирус, починаа 7 лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.814 тестирања, а регистриран е 301 нов случај на Ковид-19:
Скопје – 147, Прилеп – 21, Кавадарци – 14, Ресен – 13, Охрид – 11, Битола – 10, Делчево и Валандаво – по 9, Штип – 8, Велес и Гевгелија – по 7, Куманово и Струмица – по 6, Кичево – 5, Неготино, Кратово и Богданци – по 4, Крива Паланка , Радовиш и Виница – по 3, Пробиштип и Македонски Брод – по 2, Берово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 192 оздравени пациенти од: Скопје – 119, Битола – 12, Кавадарци – 10, Охрид и Кочани – по 9, Велес и Гевгелија – по 6, Неготино – 5, Куманово и Ресен – по 3, Струга и Демир Хисар – по 2, Тетово, Прилеп , Свети Николе , Кратово, Богданци и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Битола (79г и 90г) и по едно починато лице од Скопје (73г), Штип (35г), Охрид (90г), Крива Паланка (91г) и Делчево (64г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Направени се 3.814 тестови преку: ИЈЗ-252, ЦЈЗ Скопје-44, ЦЈЗ Битола-88, ЦЈЗ Прилеп-53, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово-95, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–162, Жан Митрев (Филип Втори)-95, Авицена-264, Биотек-168, Систина-78, лабораторија Лаор-224, Синлаб-42, Ремедика-13, Плодност–38, Генеа-10, Никоб лаб-685, ВФВ Медикал-66, Ели Медика-84, Ројал Медика–61, Спектра-ММ-15, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–26, Нова Лаб Дијагностика–4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.232.
Досега во земјата се направени вкупно 1.519.050 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.095, бројот на оздравени пациенти е 207.755, на починати е 7.801, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 96907, Активни 2632
Куманово 13051, Активни 155
Тетово 11393, Активни 85
Прилеп 10588, Активни 380
Битола 9050, Активни 429
Гостивар 8082, Активни 20
Велес 7433, Активни 169
Кавадарци 7289, Активни 265
Штип 6694, Активни 112
Охрид 6661, Активни 228
Струмица 6218, Активни 135
Кичево 4288, Активни 80
Кочани 4077, Активни 67
Струга 3917, Активни 26
Гевгелија 2876, Активни 97
Неготино 2613, Активни 50
Свети Николе 2149, Активни 50
Крива Паланка 1939, Активни 62
Ресен 1804, Активни 61
Радовиш 1789, Активни 55
Берово 1473, Активни 33
Дебар 1456, Активни 0
Делчево 1454, Активни 79
Виница 1172, Активни 18
Пробиштип 1135, Активни 24
Валандово 1003, Активни 66
Кратово 789, Активни 21
Богданци 667, Активни 34
Демир Хисар 629, Активни 28
Крушево 601, Активни 25
Македонски Брод 518, Активни 19
Македонска Каменица 427, Активни 25
Демир Капија 426, Активни 0
Пехчево 355, Активни 5
Дојран 172, Активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првите подводни археолошки истражувања во Преспанското Езеро открија редок органски материјал
Преспанското Езеро годинава е во фокусот на значаен археолошки настан, откако за првпат во овој регион беа реализирани подводни археолошки истражувања, кои донесоа исклучително вредни откритија за културното наследство на Северна Македонија.
Истражувањата се спроведуваат од НУ Завод и музеј – Битола и Граѓанската организација за развој на алтернативен туризам „Љубојно“, во рамките на проектот ACT4PRESPA. Целта е идентификација, документација и заштита на археолошките богатства во и околу Преспанското Езеро.
Во првите две фази, стручен тим спроведе рекогносцирање на македонскиот дел од преспанското крајбрежје, од границата со Република Грција до границата со Република Албанија. При тоа беа евидентирани и документирани 11 археолошки локалитети. Како најзначаен се издвојува локалитетот во близина на селото Наколец, каде што започнаа сондажни археолошки истражувања, реализирани во два циклуси.
„Ова е исклучително значаен момент за Преспа. За првпат имаме можност да навлеземе во археологијата на езерото и да откриеме слоеви од минатото кои досега беа целосно непознати“, изјави Орданче Петров, раководител на тимот за подводна археологија.
Поради повлекувањето на нивото на езерото, дел од локалитетите излегоа на копно, што овозможи детални сондажни истражувања. На локалитетот кај село Наколец е откриен дел заштитен со дрвена палисада, како и голем број движни археолошки предмети. Особено значајно е откривањето на предмети изработени од органски материјали – дрвени алатки, рачки, чешли и конструктивни елементи.
Станува збор за прв и засега единствен пример на зачувани органски материјали од археолошки локалитет во Македонија, датиран од крајот на XIII до крајот на XIV век. Локалитетот кај Наколец претставува и прв познат пример на благороднички имот во македонската археологија од XIV век.
„Зачувувањето на органски материјали е навистина невообичаено. Милот и тињата на езерото создаваат средина без кислород која ги штити објектите од распаѓање, што ни овозможува уникатен увид во минатото“, објаснува Петров.
Првичните анализи укажуваат дека средновековните жители на Преспа претежно се занимавале со земјоделство, а не со риболов, што е неочекувано со оглед на близината на езерото. Податоците, исто така, сугерираат дека Преспанското Езеро во минатото било значително помало.
„Исклучителните наоди од истражувањата кај село Наколец се од непроценлива важност не само за македонската, туку и за балканската и европската археологија. Тие го збогатуваат културното наследство на Преспа и претставуваат значаен потенцијал за развој на културниот туризам во регионот“, изјави д-р Мери Стојанова, координатор на проектот ACT4PRESPA од НУ Завод и музеј – Битола.
Керамичките и металните предмети се депонирани во Завод и музеј – Битола, додека органските материјали се испратени на специјализирани конзерваторски истражувања во Лајбниц-центарот за археологија во Германија. Процесот се очекува да трае најмалку една година, по што предметите ќе бидат презентирани пред јавноста.
Истражувањата се реализираат со активна поддршка од локалната заедница, која во повеќе наврати пријавувала пронајдоци и учествувала во заштитата на локалитетите.
Проектот ACT4PRESPA се спроведува во рамките на програмата на Европската Унија за одржлив развој на регионот на Преспанското Езеро, преку Инструментот за претпристапна помош за рурален развој.
Македонија
Дел од Општина Центар утре без вода поради уличен дефект
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре, 16 декември 2025 година (вторник), поради уличен дефект на булеварот „Св. Климент Охридски“, спроти Соборниот храм, ќе има прекин на водоснабдувањето.
Без вода ќе останат корисниците на потегот од крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ до паркингот ЈАТ.
Прекинот е најавен во периодот од 08:30 часот до завршување на санацијата на дефектот, соопштуваат од претпријатието.
Засегнато подрачје е Општина Центар.
Македонија
СДСМ: Судот го потврди пуштањето на Јанева, сценариото на ДПМНЕ се реализира
Денеска Кривичниот суд и официјално потврди дека на Катица Јанева ѝ е одобрен условен отпуст од затвор, велат од СДСМ.
„Отпустот започнува од 21.12.2025 година и трае до 21.08.2026 година. Од вкупната затворска казна од 7 години, дозволен е условен отпуст од 8 месеци.
Овие факти и периодот токму сега и до летото наредна година, во целост го потврдува сценарио од стратегијата на ДПМНЕ кое целосно го разоткивме.
Зошто сега?
Затоа што темата со мигрантите за пари стана национална тема, корупциските скандали за наместени тендери покажуваат како се крадат 14,5 милиони евра преку 161 тендер, затоа што кога нема пари во буџетот за плати и пензии а граѓаните тоа го чувствуваат секој ден.
Затоа што сега и гори на власта под нозе“.
Нивното сценарио, додаваат од партијата, е до изборите кои ги планираат наредната година.
„Јанева треба да биде искористена како алатка на ДПМНЕ во нивната црна кампања и во нападите врз СДСМ.
Кривичните пријави и политичкиот прогон, лажните вести и манипулациите, нападите врз медиумите и спроведувањето на српското сценарио во Македонија веќе не се доволни. Власта ја губи контролата и затоа мора да ги засилува нападите.
Како? По добро познати српски рецепти.
Исто како случајот со Дијана Хркаловиќ во Србија. Копи-пејст медиумска стратегија, со истите методи, истите наративи и истата цел: дефокус од суштинските проблеми и напад врз опозицијата“.
СДСМ, како што истакнуваат, јасно порачува: „Нема да ви помине Катица. Нема да ви поминат мигрантите за пари. Нема да ви помине ниту едно сценарио за манипулација и дефокус. Народот ви подготвува крај“.

