Забава
„Не гледај нагоре“: трагикомична сатира со ѕвезден кастинг
Филмот на Адам Мекеј, „Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up), доаѓа спакуван со премиса типична за многу холивудски филмови за глобална природна катастрофа: џиновска комета се движи кон Земјата за да предизвика апокалиптично уништување.
Тоа е вид заплет веќе виден во други вакви филмови – од „Армагедон“ и „Длабок удар“ до неодамнешниот „Гренланд“ со Џерард Батлер.
Она што е поинакво од другите вакви филмови е дека Мекеј ова го претвори во сатира, онаа што го нагризува нашето време и особено одекнува во ерата на Ковид-19.
Научнофантастичен филм со Леонардо ди Каприо и Џенифер Лоренс во главните улоги како двајца астрономи што се обидуваат преку медиумите да го предупредат човештвото за комета што ќе ја уништи Земјата има ѕвезден кастинг.
Оскаровката Мерил Стрип е претседателка, која заедно со својот син и со шефот на кабинетот, Џона Хил, е смешно рамнодушна кон опасноста. Актерската екипа со ѕвезди од т.н. А-листа вклучува имиња како Тајлер Пери, Кејт Бланшет, Тимоти Шаламе, Роб Морган, Аријана Гранде, Скот Мескуди, Мајкл Чиклис, Мелани Лински, Крис Еванс и други.
Филмот имаше лимитирано прикажување во кината од 10 декември пред да се емитува на „Нетфликс“ почнувајќи од 24 декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Читач на усни со вештачка интелигенција откри што и рекол Феникс на Лејди Гага по гледањето на новиот „Џокер“
Читач на усни со вештачка интелигенција откри што Хоакин Феникс наводно и рекол на Лејди Гага откако го гледале нивниот нов филм Joker: Folie à Deux. Односно, барем така изгледа според видеото кое се шири на социјалните мрежи.
Феникс и Лејди Гага глумат во новиот филм за Џокер и беа видени како разговараат откако го гледаа на филмскиот фестивал. Видеото се шири на социјалните мрежи, а многумина се обидоа да откријат што си кажале.
— j (@gagagraygaga) October 7, 2024
Иако Феникс главно беше свртен со грбот кон камерата, се чини дека филмот не му се допадна. Феникс го нарече филмот „ужасен“, додека Гага инсистираше дека не е. Феникс продолжи да разговара за тоа како крајот „можеше да биде поинаков“, додека Гага тврдеше дека „го обожува филмот“.
Забава
Северина прошета во елегантен аутфит вреден 7.000 евра
Северина објави нови фотографии на социјалните мрежи, а нејзиното елегантно издание привлече големо внимание. Пејачката носеше светло син фустан со изразена бела јака и мал цветен дезен.
Овој фустан, кој е изработен од свила, напред се прицврстува со црни и златни копчиња и потсетува на моделите кои често ги носи Кејт Мидлтон. Инаку, фустанот го дизајнираше Алесандра Рич, една од омилените дизајнерки на Кејт.
Цената на овој фустан е 2150 евра, а Северина го искомбинирала со мала црна чанта Lady Dior чија цена е околу 5000 евра и бели потпетици.
„Секогаш е добро облечена“, „Најдобро облечена жена“, „Фустанот е супер, сакам ретро“, „Вистинска дама“, се само дел од коментарите.
Забава
ТМЗ: Канје Вест и Бјанка Ценсори се разведуваат
ТМЗ пишува дека Канје Вест и Бјанка Ценсори се пред развод.
Американскиот таблоид пишува дека Канје и Бјанка имале кавга и се разделиле пред неколку недели и дека за тоа ги известиле најблиските луѓе. Бјанка наводно отишла во Австралија за да биде со семејството.
Иако нема информации што ја поттикнало разделбата или кој го поттикнал раскинувањето, Канје наводно веќе им кажал на пријателите дека планира да се пресели во Токио по разводот.
Kanye West and his wife Bianca Censori have been spotted at the Wynn.
It’s 47° and Bianca was barefoot wearing a bikini top. pic.twitter.com/geB8ptca6R
— Las Vegas Issues (@VegasIssues) January 8, 2024
Иако вообичаено се неразделни, во неколку наврати во последните недели се видени еден без друг. Последен пат заедно беа снимени во средината на септември. Двојката се венчаше на 20 септември 2022 година. Дали на двегодишниот брак му дојде крајот, останува да видиме. Канје претходно беше во брак со Ким Кардашијан со која ги има децата Норт, Сент, Чикаго и Псалм.