Забава
По четвртото обвинување за сексуален напад, Крис Нот повеќе нема да дава коментари
Крис Нот „ќе остави жетоните да паѓаат каде што можат“ по негирањето на првите наводи за сексуален напад.
67-годишниот актер е обвинет за недолично однесување и сексуален напад од страна на четири жени, од кои две се огласија со нови наводи откога Нот веќе ги негира тврдењата на првите две жени.
Но, кога четвртата жена јавно ги изнесе своите тврдења оваа недела, Крис рече дека се држи до својата претходна изјава и дека нема да дава нови коментари.
Тој им рекол на папараците додека шетал во својот кварт во Масачусетс: „Имате моја изјава, нели? Јас останувам на мојата изјава. Сега ќе оставам чиповите да паднат каде што ќе паднат. Мојата изјава е моја изјава, тоа е сè што можам да направам во моментот“.
Актерот од „Сексот и градот“ првин беше обвинет од жена што тврди дека ја силувал во 2004 година кога имала 22 години, а втората тврди дека дека имала состанок со актерот во Њујорк пред тој наводно да ја нападне.
Нот потоа беше обвинет дека постапувал недолично кон актерката Зои Листер-Џонс на снимањето на „Закон и ред“.
А најновата наводна жртва, пејачката Лиза Џентајл, тврди дека актерот се однесувал непримерно кон неа во 2002 година бакнувајќи ја и допирајќи ѝ ги градите против нејзина волја.
Тој категорично ги дематира наводите минатата недела. „Обвинувањата против мене од поединци што сум ги запознал пред години, па и децении, се целосно лажни“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.