Македонија
(Видео) Арсовски: Сакаат АД „Славија“ да ја продадат свесно обезвреднета
Молкот на цела Влада на СДСМ е само показател дека сакаат АД „Славија“ да ја продадат свесно обезвреднета по цена на основачкиот удел од 218.000 евра, а не по пазарна проценета вредност од страна на институциите, посочи во денешното ново излагање на оваа тема портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Според информациите на Арсовски, целиот имот на АД „Славија“ чини над 20 милиони евра, а денеска објави документи, со кои, како што рече, го демантира СДСМ во обидот да се извлечат од криминалниот процес.
„Ова е официјален документ од Централниот регистар, каде што се гледаат годишните приходи и текот на парите на АД ‘Славија’. Ова е листинг од обработена годишна сметка од Централен регистар на АД ‘Славија’“.
Секоја година АД „Славија“ има приходи од работењето на самата компанија од приближно 50 милиони денари. Тоа се 70-80.000 евра месечно приходи во зависност од месецот, а кои легнуваат на контото на АД „Славија“.
Според нашите информации, во моментот на сметката на АД „Славија“ има околу 6 милиони денари или 100.000 евра, што значи новиот купец што би ја купил за 218.000 евра, доколку не се одложи како што апелираме, ќе си добие и пари на сметка кога ќе ги купи фирмата и акциите и практично може да му се фати за 100.000 евра да купи таква компанија бидејќи, нели, ќе му се вратат овие 100.000 евра на сметка.
Од друга страна, во делот пасива во годишната сметка може јасно да се види дека обврските на АД „Славија“ се 253.271.232 денара или 4,2 милиони евра обврски и долг. Како и што рековме на изминативе прес-конфереции, не е долгот како што лажеа во Владата на оние прес-конференции дека бил 17 милиони евра или многу повеќе, долгот е само 4,2 милиони евра.
Оттука, слободно можеме да посочиме, дека и покрај ваков долг, со вакви приходи на годишно ниво, АД „Славија“, со целиот свој имот, земјишта и работење, има вредност од над 20 милиони евра“, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и уште еднаш јавно порача да се повлече продажбата на АД „Славија“, која, како што рече, се подготвува на срамен начин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

