Економија
„Пакет.мк“ – патот до успехот
Во изминатата декада, онлајн купувањето бележи голем раст, а со појавата на пандемијата со Ковид-19, потребата од ефикасна е-трговија стана евидентна.
Последната година, ако ги споредиме податоците од јуни 2020 со истиот месец оваа година, можеме да забележиме раст на бројот на трансакции на интернет продажни места за 21%, a вредноста на трансакциите пораснала за 61%, односно од 274 милиони денари на 443 милиони денари. Иако традиционално, категории кои се продаваат онлајн се авионски билети, спортска опрема и сл. она што е забележително во последните две години е растот на онлајн- продажбата на храна и намирници. За разлика од купувањето други производи, купувањето на намирници е од суштинско значење за секое домаќинство.
Во набавката на производи за домаќинства пред скоро 4 години се појави Пакет.мк првиот онлајн-супермаркет со еден поинаков пристап и понуда на онлајн услуги со цел успешно да одговори на барањата на потрошувачите, како во поглед на цената, така и во поглед на квалитетот на производите и на времето за испорака.
Која е приказната зад овој млад, а веќе етаблиран бренд на пазарот, дознаваме директно од сопственикот и управител Драган Јосифовски.
„Идејата се роди уште во текот на моите студии во Лондон, а потоа следеше развој на концептот, техничката изработка и имплементација, сè до започнувањето со работа во јануари 2018 година. Почетокот секако не беше лесен, иако имавме позитивни реакции од страна на потрошувачите, сепак имавме потребата од брз развој, зголемување на асортиманот на производите и капацитетите. Поставивме високи стандарди, но со цел да ги оствариме, потребна беше и соодветна финансиска поддршка која ќе одговара на нашите можности, како start-up компанија. Стапивме во контакт со консултантската куќа СПМГ и Друштвото за управување со инвестициски фондови СПМГ Цапитал, кое управува со Микро инвестицискиот фонд (МИФ), приватен инвестициски фонд за микро, мали и средни претпријатија. Како резултат на нивната проценка на нашиот бизнис модел и на нашата идеја и визија, во 2019 година МИФ стана наш финансиски партнер. Ни помогнаа преку подобрување на финансиската структура, финансиски совети и добивме средства за набавка на нова опрема и зголемување на капацитетот за логистика, што се ефектуираше и со брз и значителен раст на приходите.
Втор значен момент и воедно предизвик со кој се соочивме беше појавата на пандемијата од Ковид-19 и вртоглавиот пораст на нарачките и потребата од брз одговор на барањата на потрошувачите, преку воведување нови технички можности за управување и планирање на залихите и термините за испорака. Со поддршката што ја имавме од нашиот финансиски партнер отворивме сопствен магацин и изградивме сопствена залиха. Брзината, точноста и свежината на производите се навистина важни. Тие се и едни од главните области во кои се разликуваме од конкуренцијата. Тоа е концептот по кој работиме и денес и кој ни озвоможува да ја понудиме најбрзата и најточната достава на пратки во Скопје, во однос на другите сервиси за достава на пратки или брза пошта.“
Што ви претстои наредно за развој на бизнисот?
„Секојдневно работиме на проширување на асортиманост на производи и вклучување на оние производи кои поради својата природа не се достапни во физичките супермаркети, а се погодни за онлајн продажните канали. Од друга страна се работи и на подобрување на технологијата, софтверот за развој на нови кориснички функционалности и предности во однос на конкуренцијата во Македонија, што ќе овозможат потенцијал и за регионално проширување. Мислам дека македонските потрошувачи се подготвени за посовремени и поголеми е-продавници“
Сепак, и покрај тоа што живееме во дигитално време, а појавата на сè поновите технологии го менува и начинот на живот, не е едноставно истите технологии да бидат воведени и на домашниот пазар, оттука потребни ни се повеќе вакви претприемачи како Пакет.мк, со знаење и визија за раст, кои преземаат вистински чекори за изнаоѓање нови можности и финансиска поддршка за реализација на своите цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

