Македонија
333 нови случаи на Ковид-19 и вкупно 11 починати
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.511 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 181, Прилеп и Битола по 25, Охрид – 14, Куманово и Струмица по 8, Велес и Кавадарци по 7, Кичево – 6, Кочани, Ресен, Валандово и Демир Капија по 5, Штип – 4, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Пробиштип по 3, Крива Паланка, Делчево, Виница, Крушево и Македонски Брод по 2 и по еден заразен од Тетово, Гостивар, Струга, Свети Николе, Богданци и Демир Хисар.
Во текот на изминатото деноноќие пријавени се 6 починати лица: 2 од Велес (64 и 83 години) и по едно од Скопје (74), Прилеп (90), Кичево (85) и од Радовиш (79). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 5 смртни случаи во периодот од 22 ноември до 20 декември. Починатите лица се двајца од Куманово и по едно од Скопје, Битола и од Гостивар на возраст од 1 до 86 години. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а две во домашни услови.
Од Институтот за јавно здравје појаснуваат дека детето на 1-годишна возраст починало на 29 ноември, а имало повеќе хронични заболувања.
„Станува збор за дете кое престојувало во дом за деца без родители во Битола, а во Клиничката болница Битола се лекувало поради долнореспираторен инфект од 15 до 24 ноември, кога поради влошување на општата состојба и добиен позитивен тест на Ковид-19 е упатено во ИБЗД Козле“, се наведува во соопштението.
Во изминатите 24 часа регистрирани сe и 311 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 143, Битола – 23, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Куманово – 13, Струмица и Штип по 9, Валандово и Велес по 8, Неготино – 7, Гевгелија – 6, Кочани – 5, Крива Паланка, Крушево и Свети Николе по 4, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Тетово по 3, Кичево – 2 и по еден оздравен од Демир Капија, Делчево, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица.
Направените 3.511 теста се преку: ИЈЗ – 252, ЦЈЗ Скопје – 78, ЦЈЗ Битола – 65, ЦЈЗ Прилеп – 52, ЦЈЗ Тетово – 6, ЦЈЗ Куманово – 65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 2, лабораторија во болницата во Козле – 18, Институт за микробиологија – 114, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 74, „Авицена“ – 182, „Биотек“ – 180, „Систина“ – 68, лабораторија „Лаор“ – 126, „Синлаб“ – 12, „Ремедика“ – 12, „Плодност“ – 43, „Генеа“ – 12, „Никоб лаб“ – 311, „ВФВ медикал“ – 97, „Ели медика“ – 65, „Ројал медика“ – 18, „Спектра-ММ“ – 10, „Рапид лаб“ – 21, „Жан Митрев Струмица“ – 14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.614.
Досега во земјата се направени вкупно 1.565.599 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 222.666, бројот на оздравени пациенти е 209.602, на починати е 7.879, а бројот на активни случаи изнесува 5.185.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 97.775, Активни 2.583
Куманово 13.084, Активни 108
Тетово 11.409, Активни 78
Прилеп 10.696, Активни 367
Битола 9.135, Активни 373
Гостивар 8.078, Активни 20
Велес 7.478, Активни 164
Кавадарци 7.349, Активни 224
Охрид 6.734, Активни 226
Штип 6.724, Активни 101
Струмица 6.257, Активни 130
Кичево 4.306, Активни 80
Кочани 4.089, Активни 50
Струга 3.920, Активни 22
Гевгелија 2.898, Активни 92
Неготино 2.626, Активни 39
Свети Николе 2.150, Активни 41
Крива Паланка 1.951, Активни 58
Ресен 1.842, Активни 83
Радовиш 1.805, Активни 45
Берово 1.477, Активни 15
Делчево 1.462, Активни 55
Дебар 1.457, Активни 1
Виница 1.177, Активни 20
Пробиштип 1.141, Активни 15
Валандово 1.024, Активни 64
Кратово 788, Активни 9
Богданци 676, Активни 30
Демир Хисар 638, Активни 28
Крушево 606, Активни 21
Македонски Брод 522, Активни 16
Демир Капија 433, Активни 5
Македонска Каменица 429, Активни 20
Пехчево 357, Активни 1
Дојран 173, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен
Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.
„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.
Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.
Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.
„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

