Македонија
Општина Битола ќе ја поддржи реконстуркцијата на планинарскиот дом „Копанки“
На иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на советот Габриела Илиевска, во соработка со членовите на ПСК Пелистер денес се одржа работна средба и дружење на Копанки. На средбата, која беше отворена и за сите заинтересирани граѓани на Битола, беа потенцирани идните планови на општината кои се однесуваат на обнова на Планинарскиот дом „Копанки“.
„Со уважувањето на жалбата на Здружението планинарски спортски клуб ‘Пелистер’ од страна на Вишиот управен суд, поништени се решенијата кои во изминатиот период беа донесени од Општина Битола и Министерството за транспорт и врски, со кои беше оневозможено обновувањето на планинарскиот дом ‘Копанки’. Со тоа, оваа постапка е завршена, а согласно законската регулатива, локалната самоуправа ќе даде поддршка за обнова на објектот, кој е еден од симболите на Битола, изграден во далечната 1938 година. Место кое со децении било спој на различни генерации, создавало спомени, а нудело и големи можности за развој на зимските спортови. Ова што денес го гледаме, до оваа фаза до која е донесен објектот, е одраз на силна љубов и ентузијазам, прво, на едно од најстарите планинарски друштва во Битола, а потоа и на голем број граѓани“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
На средбата на „Копанки“, на која присуствуваа и советниците од Советот на Општина Битола, јавноста беше информирана дека со преземањето на иницијалните чекори започнува реализацијата на проектот.
„Копанки е на сите и ќе биде за сите нас. Она што неодамна го ветивме од денес започнува да се реализира. Денес сме тука за да најавиме дека Копанки ќе се реконструира во првата година од формирањето на советот, односно во буџетот на Општина Битола за 2022 година се предвидени средства за обновување на Планинарскиот дом Копанки. Проектот кој беше само во програмата на Поинаку и за кое решавање се залагавме во Советот, од денес, станува реалност“, изјави Иван Чулаковски, советник во Советот на Општина Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

