Македонија
266 нови случаи на Ковид-19 и вкупно 15 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.572 тестирања, а регистрирани се 266 нови случаи на КОВИД-19 и тоа: Скопје – 120, Битола – 25, Прилеп – 22, Охрид – 20, Куманово и Кавадарци – 11, Ресен – 8, Струмица – 7, Тетово – 6, Кочани и Струга – по 5, Гевгелија и Валандово – по 4, Велес и Радовиш – по 3, Крива Паланка и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Делчево, Виница, Кратово и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани сe 717 оздравени пациенти од: Скопје – 330, Битола – 53, Прилеп – 48, Кавадарци – 43, Велес – 40, Делчево – 25, Штип – 21, Кичево – 15, Гевгелија – 14, Крива Паланка – 13, Охрид и Свети Николе – по 12, Куманово – 10, Неготино и Македонска Каменица – по 9, Кочани – 8, Ресен, Тетово, Радовиш и Берово – по 6, Струмица, Валандово, Виница и Крушево – по 5, Струга и Богданци – по 4, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: по 2 починати лица од Струмица (56г и 76г) и Куманово (63г и 75г) и по едно починато лице од Скопје (82г), Прилеп (83г), Битола (47г) и Штип (83г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 27.11-24.12.2021 година. Починатите лица се од Гостивар (2), Скопје (1), Охрид (1), Струга (1), Тетово (1) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 57г до 82г. Од пријавените, 5 лица се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.
Направени се 4.572 тестови преку: ИЈЗ-286, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-97, ЦЈЗ Прилеп-53, ЦЈЗ Тетово–8, ЦЈЗ Куманово-111, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-122, Авицена-252, Биотек-212, Систина-74, лабораторија Лаор-315, Синлаб-43, Ремедика-19, Плодност–75, Генеа-11, Никоб лаб-574, ВФВ Медикал-105, Ели Медика-111, Ројал Медика–50, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–12, Жан Митрев Струмица–22, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.751.
Досега во земјата се направени вкупно 1.570.171 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.932, бројот на оздравени пациенти е 210.319, на починати е 7.894, а бројот на активни случаи изнесува 4.719.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 97899, Активни 2375
Куманово 13095, Активни 107
Тетово 11414, Активни 77
Прилеп 10716, Активни 338
Битола 9160, Активни 344
Гостивар 8078, Активни 18
Велес 7481, Активни 127
Кавадарци 7360, Активни 191
Охрид 6754, Активни 233
Штип 6725, Активни 80
Струмица 6264, Активни 130
Кичево 4306, Активни 65
Кочани 4094, Активни 47
Струга 3926, Активни 22
Гевгелија 2901, Активни 81
Неготино 2626, Активни 30
Свети Николе 2151, Активни 30
Крива Паланка 1953, Активни 47
Ресен 1850, Активни 85
Радовиш 1808, Активни 42
Берово 1477, Активни 9
Делчево 1463, Активни 31
Дебар 1457, Активни 1
Виница 1178, Активни 16
Пробиштип 1141, Активни 15
Валандово 1028, Активни 63
Кратово 789, Активни 10
Богданци 677, Активни 27
Демир Хисар 639, Активни 27
Крушево 606, Активни 16
Македонски Брод 524, Активни 17
Демир Капија 433, Активни 5
Македонска Каменица 429, Активни 11
Пехчево 357, Активни 1
Дојран 173, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Министерството за одбрана реагира на соопштението на СДСМ: Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината

„Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината – така се карактеризира соопштението од политичката партија СДСМ која се обидува редовна и навремена набавка која се спроведува години наназад и се однесува на потребите на Армијата и СИТЕ угостителски објекти на Министерството и Армијата, вклучувајќи го и Домот на Армијата, авто камповите во Дојран и Охрид, како и Хотелот „Шар“ на Попова Шапка, да ја претстави во сосема поинакво светло. Првенствено, треба да се има предвид дека набавеното кафе и пијалоци во угостителските објекти кои се од отворен карактер за граѓаните, се во слободна продажба, а приходот од продажбата повторно влегува во македонскиот буџет“, реагира Министерството за одбрана на соопштението од политичката партија СДСМ.
„Впрочем, имајќи предвид дека последните седум години со Министерството раководеа кадри на оваа политичка партија, кои ги правеле ИСТИТЕ набавки, се поставува прашањето – дали тие не знаеле што прават, дали се „луксузирале“ со народните пари или сега се обидуваат да стават сомнеж на функционирањето и побарувањата од не било која, туку најценетата и најпочитуваната институција во државата – македонската Армија?
Фактите се следни:
Набавката на кафе и алкохолни пијалоци е спроведена во јавна и транспарентна постапка. Целата документација, вклучително и тендерската документација, договорите и одлуките се јавно достапни на Порталот за јавни набавки и секој граѓанин, новинар или институција може слободно да направи увид, анализа и споредба со набавките од претходните години.
Набавката се однесува на угостителски објекти од отворен тип, кои се користат во рамките на протоколарни, воени и меѓународни активности, а не за „удобност“ на министри, како што лажно се тврди.
Години наназад е спроведена ИСТА ТАКВА НАБАВКА, која оваа година (во споредба со 2023 година) е со многу помали количини, на пример: ставката за алкохолни пијалоци е намалена од 50 до 88 проценти, а жестоките алкохолни пијалоци кои претходно биле набавувани се целосно отстранети.
Сумата на договорот во 2025 година е намалена за 15 проценти во споредба со 2024 година и за речиси 40 проценти во споредба со 2023 година.
Прашањата кои се поставуваат се логични: Или раководството од СДСМ кое го предводело Министерството не знаело што работи и што набавува или политичката партија влегува во едно црно сценарио во кое се обидува да ја вметне и македонската Армија.
Ги повикуваме сите медиуми да не ги земаат предвид ваквите дезинформации кои се пласираат во јавноста особено од страна на политички партии. Борбата со дезинформациите и манипулацијата со фактите е нешто против кое треба сите заедно да се бориме вклучувајќи ги и политичките партии, а не тие да потекнуваат токму од овие кујни.
Се работи за македонските граѓани и за Македонија и токму затоа не смееме да дозволиме граѓаните да бидат излажани“, се наведува во реакцијата од Министерството за одбрана на соопштението од политичката партија СДСМ.
Македонија
Од утре се нормализира сообраќајот на регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен

Утре од 05.00 часот регионалниот пат Р 1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од Министерство за внатрешни работи, извести АМСМ.
Македонија
(Видео) СДСМ Прилеп: Заради протест на вработените, прилепчани останаа без градски превоз

„Систематски, како по книга, ВМРО-ДПМНЕ го уништува Прилеп! Неисплатената плата на вработените во Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови, е причина за тридневниот прекин на градскиот превоз во Прилеп. Како главни виновници за настанатата ситуација, вработените и директорот на јавното претпријатие ги посочија Општината, односно училиштата, кои на претпријатието му должат фантастични 7 милиони денари“, вели Саша Лепиткова, претседателка на Форум на жени на ОО СДСМ-Прилеп.
„Така, неспособноста на градоначалникот Борче Јовчески и аматерското водење на институциите од страна на директорите на ДПМНЕ, ги принуди прилепчани сами да се снаоѓаат и да го решаваат проблемот кој им го сервираше локалната власт.
Со тоа, после само два дена на виделина излегоа лагите за „успешното“ функционирање на локалните институции, кои преку таканаречениот „Отчет“ Јовчески и ДПМНЕ ги презентираа на партискиот „Саем на срамот“ во Скопје.
Лага е дека Општината набавила 5 нови минибуси за градскиот превоз, а уште поголема лага тезата за „огромните“ инвестиции во основните и средните општински училишта.
Да биде трагикомедијата поголема, токму лошото менаџирање на овие институции и нивната меѓусебна спрега, ги доведе во ќорсокак вработените во јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови.
Граѓаните на Прилеп немаат никаква дилема дека актуелната владејачка гарнитура на ДПМНЕ, е најлошата од постоењето на градот.
После обврските од 6 милиони евра кои Јовчески и ДПМНЕ му ги оставаат на новиот градоначалник, после испустените јавни претпријатија, прашањето кое се наметнува е – ќе имаат ли време до крајот на мандатот да уништат уште нешто?“, изјави Саша Лепиткова, претседателка на Форум на жени на ОО СДСМ-Прилеп.