Свет
Во пожар на траект во Бангладеш загинаа 39 лица, а по десетици се трага
Спасувачи сè уште трагаат по десетици исчезнати откако избувна пожар на преполн ферибот во јужен Бангладеш, при што загинаа најмалку 39 патници, соопштија властите.
Фериботот превезувал речиси 800 луѓе во петокот по реката Суганда во областа Џалакати на речиси 150 километри југозападно од Дака.
„Подготвивме список со 29 исчезнати патници врз основа на изјавите на роднините“, изјави локалниот функционер Зохар Али за ДПА.
Пожарникарите и работниците за цивилна заштита не пронајдоа исчезнати, додаде тој.
„Не сме сигурни дека се живи“, рече тој.
Локалните власти закопаа 23 тела откако зеле примероци од ДНК бидејќи роднините не можеле да ги идентификуваат.
Лошите безбедносни стандарди и скршените противпожарни апарати се причина за премногу смртни случаи, утврди официјалната истрага.
„Противпожарната опрема речиси не беше во функција и одговорните не можеа да управуваат со неа“, рече потполковникот Зилур Рахман, врз основа на резултатите од прелиминарната истрага.
Тој додаде дека засега не ја знае причината за пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борис Џонсон ја обвинува Англиската црква за зголемувањето на дебелината во земјата
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон рече дека верските водачи треба да се справат со „духовната празнина“ наместо со репарации за ропството, бидејќи, како што рече, духовната празнина ги тера луѓето да „ јадат“.
Тој ја обвини англиската црква за порастот на дебелината во Обединетото Кралство, велејќи дека неуспехот на црквата да им обезбеди на луѓето „духовна храна“ што им е потребна ги навела луѓето да се прејадуваат, пишува Тајмс.
Џонсон рекол дека кога бил помлад, ретко кој од неговото одделение бил дебел.
Регион
По апсењето за трагедијата во Нови Сад, Весиќ штрајкувал со глад и одбил помош, денеска итно пренесен во болница
Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, утрово со возило на брзата помош од притворот во Нови Сад бил пренесен во болницата во Сремска Каменица.
Како што е објавија српските медиуми, поради нагло влошување на неговата здравствена состојба, по шестдневен штрајк со глад и одбивање лекарска помош, управата на Окружниот затвор во Нови Сад го известила Вишиот суд дека е неопходно тој да биде префрлен во болница.
Управникот на Окружниот затвор во Нови Сад, Миле Јандриќ, за „Танјуг“ изјави дека Весиќ, по специјалистичкиот преглед, е задржан на одделението за коронарна интензивна нега со одобрение на судијата за претходна постапка.
Весиќ беше уапсен и приведен во Нови Сад поради падот на натстрешникот на железничката станица во овој град на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, а двајца сè уште се во критична состојба.
Свет
Путин повика да се спречи можна дестабилизација на ситуацијата во Заедницата на независните држави
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е неопходно да се спречи можна дестабилизација на ситуацијата во Заедницата на независните држави (ЗНД).
Путин ова го изјави во писменото обраќање што го прочита директорот на Службата за надворешно разузнавање (СВР) на Руската Федерација, Сергеј Наришкин, на 20. состанок на шефовите на безбедносните агенции и разузнавачките служби на деветте поранешни советски републики.
„Денес, во тешки геополитички услови, вашата конструктивна интеракција е особено важна“, посочи рускиот лидер и оцени дека за да се одржи стабилна ситуација во регионот, неопходно е да се идентификуваат и анализираат заканите за колективната безбедност, да се разменат информации и искуства, пренесува „Известија“.