Македонија
Мицкоски: Сега се гледаат резултати, сè што е ветено се реализира
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ задоволен од реализацијата на проектите на градоначалниците. Тој денеска беше во посета на Општина Бутел.
„За мене претставува задоволство кога ќе можам да посетам нешто што веќе се гледа, а претходно било ветувано и, за жал, не било реализирано. Посебно импресивно делува ова што го кажа градоначалникот Дарко, а исто така за мене посебен впечаток остави, како што тој рече, очистената џунгла во коритото на реката Серава подолу. Средина во којашто живееле жителите овде во населба и село Радишани и ќе продолжи понатаму да се средува. По подолго време луѓето виделе дека има и мост и дека има и вода во речното корито, односно дека постои река. За жал, изминатите четири години тоа било комплетно напуштено и запуштено“, изјави Мицкоски.
Тој се осврна и на проектите кои се реализираат во училиштата, детските игралишта и спортските терени.
„Ова што се прави во училиштата, ова што се прави за луѓето коишто сакаат да се занимаваат со спорт, тоа што се прави со реквизитите и играчките за децата во градинките навистина делува импресивно. Продолжуваме и понатаму да работиме”, изјави Мицкоски.
Тој наведе дека нивниот политички противник ги критикува овие негови посети.
„На оние скапо платени со украдени народни пари ботови коишто пишуваат по социјалните медиуми само ќе им порачам дека ќе продолжите уште долго да ме гледате и уште долго ќе реализираме успешни проекти. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува и го исполнува. А СДСМ тоа што го ветува го краде од народот и никогаш не го исполнува. За жал, уште долго ќе ме гледаат и уште долго ќе реализираме проекти коишто граѓаните ги бараат од нас за довербата што ја дадоа на локалните, а многу скоро денеска и на предвремени парламентарни избори”, додаде Мицкоски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк
Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Уривањето на дискотеките и расчистувањето на просторот веќе е започнато, а нема најава кога ќе почне изградбата на новиот Луна Парк.
Ѓорѓиевски објави видео на кое, како што вели, се отстрануваат старите бесправно изградени дискотеки, со што локацијата се подготвува за реализација на проектот – изградба на Луна паркот во Скопје.
„Ред мора да има! Се расчистува просторот за изградба на луна паркот. Старите бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк заминуваат во историјата. Како што ветив, најдоброто за Скопје“, напиша тој.
Македонија
АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата.
Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ.
Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт формата Поднесете претставка објавена на интернет страната на Агенцијата, електронски на [email protected], [email protected], како и лично во секоја подрачна единица на АХВ, на соодветен образец за поднесување иницијативи.
„Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно, назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење на инспекциски надзор.
Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот кој треба да ја прецизира/дополни во рок кој не подолг од 7 дена. Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок ќе се смета дека истата е повлечена“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

