Економија
(Видео) Битиќи: Продолжуваме со поддршка на домашната економија
Во пресрет на новогодишните празници и заокружување на календарската 2021 година, вицепремиерот Битиќи направи ретроспектива и ги презентираше неколкуте поважни програми на Владата и другите органи на државната управа со кои, во оваа година, успеале да го поддржат домашното стопанство.
„Би сакал да истакнам дека во оваа година, кон стопанството, во форма на директна државна помош, од страна на буџетот, преку Законот за контрола на државна помош од Владата и од ДТИРЗ се исплатени 19,5 милиони евра, преку инструментите на ФИТР исплатени се вкупно 16 милиони евра, додека за мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции исплатени се 13 милиони евра. Вкупно преку овие мерки за поддршка, само во 2021 година македонското стопанство е подржано со 48,5 милиони евра. Да посочам дека само овие денови кон стопанството се вбризгани 16,8 милиони евра”, изјави Битиќи.
Тој се осврна и на договорите по Законот за финансиска поддршка на инвестиции, кои се дел од портфолиот на неговиот кабинет. Преку овој Закон во изминатите четири години, колку што се спроведува оваа мерка, склучени се договори за поддршка со 353 компании.
„Оваа година пристигнаа барања за исплати од 225 компании, при што е исплатена поддршка од 800 милиони денари или околу 13 милиони евра. Овие компании, само во 2020 година, која да не заборавиме е пандемиска година, имаат реализирано инвестиции од над 70 милиони евра. И во оваа, како и во претходната година, кон компаниите државната помош ќе биде исплатена 100%. Само за рамномерен регионален развој, оваа година компаниите ќе добијат поддршка во вкупен износ од 91,6 милиони денари, односно 1,5 милиони евра што изнесува 11,5 % од вкупната исплатена поддршка”, изјави Битиќи.
Вицепремиерот додаде дека сите горенаведени форми на поддршка се уште еден силен доказ дека оваа Влада, како ниедна претходна, е посветена за поддршка на стопанството во насока на рамномерен регионален и забрзан технолошки развој, внесување иновации и дигитализирање на процесите, што придонесува за поголема продуктивност и конкурентност на компаниите на домашниот и на меѓународните пазари.
Битиќи истакна дека во услови на најголема криза, во 2020 година, за поголема конкурентност на компаниите, обезбедиле директна поддршка од 17,5 милиони евра, со кои поддржале развојни проекти на точно 400 компании. Воедно, редовно ги сервисирале и договорите кои ги имаат со 35 компании кои работат во Технолошко-индустриските развојни зони и надвор од нив.
Додаде дека оваа година започнале и со креирање на првиот дигитален AI асистент за државна помош. Овој асистент ќе се базира на вештачка интелигенција, ќе ги прави достапни сите информации, повици, процедури за добивање државна помош, а во следна фаза и ќе комуницира дел од грижата за корисници за оние кои веќе ја добиваат. Асистентот ќе зборува на три јазици: македонски, албански и англиски.
„Веќе сме на крајот на оваа 2021 година и во неа надминавме бројни искушенија и предизвици, научивме многу, но пред сè да бидеме прагматични, да си помагаме и соработуваме и најважно, да го задржиме оптимизмот”, изјави Битиќи
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

