Македонија
Регистрирани 396 нови случаи на ковид, починаа 14 лица

Денес се регистрирани 396 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 изнесува 224.134 – Оздравени се 207 пациенти – пријавени се 14 починати лица во изминативе 24 часа.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: направени се 4.858 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 196, Битола – 31, Прилеп – 23, Гевгелија – 17, Охрид – 16, Кавадарци – 14, Куманово – 13, Струмица – 10, Ресен – 9, Велес – 8, Штип и Кочани – по 7, Берово и Валандово – по 6, Неготино – 5, Тетово, Кичево и Струга – по 4, Богданци и Македонски Брод – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш и Крушево – по 2, Делчево и Дебар –– по 1.
Регистрирани сe 207 оздравени пациенти од: Скопје – 116, Битола – 14, Кавадарци – 13, Прилеп и Охрид – по 9, Крива Паланка -7, Куманово и Штип – по 4, Струмица, Кочани, Гевгелија, Ресен и Радовиш – по 3, Тетово, Велес, Кичево, Струга и Демир Хисар – по 2, Неготино, Виница, Пробиштип, Валандово, Богданци и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 5 починати лица од Скопје (68г, 72г, 74г, 89г и 94г), две починати лица од Прилеп (53г и 64г) и по едно починато лице од Охрид (87г), Куманово (81г), Свети Николе (71г),Битола (51г), Велес (83г), Струмица (61) и Берово (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени четири починати лица со датум на смрт 17.12. до 25.12.2021 година. Регистрираните се починати лица од Пехчево (2), Скопје (1) и Штип (1). на возраст од 71 до 87 години. Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови.
Направени се 4.858 тестови преку: ИЈЗ-449, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-74, ЦЈЗ Прилеп-54, ЦЈЗ Тетово–8, ЦЈЗ Куманово-98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–172, Жан Митрев (Филип Втори)-94, Авицена-232, Биотек-204, Систина-100, лабораторија Лаор-289, Синлаб-35, Ремедика-10, Плодност–38, Генеа-25, Никоб лаб-388, ВФВ Медикал-80, Ели Медика-93, Ројал Медика–47, Спектра-ММ-18, Рапид Лаб–17, Жан Митрев Струмица–21, Нова Лаб Дијагностика–5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.240.
Досега во земјата се направени вкупно 1.586.033 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.134, бројот на оздравени пациенти е 211.228, на починати е 7.935, а бројот на активни случаи изнесува 4.971.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 98537, Активни 2535
Куманово 13127, Активни 111
Тетово 11422, Активни 75
Прилеп 10801, Активни 360
Битола 9244, Активни 364
Гостивар 8082, Активни 18
Велес 7511, Активни 143
Кавадарци 7411, Активни 183
Охрид 6794, Активни 225
Штип 6751, Активни 87
Струмица 6286, Активни 134
Кичево 4320, Активни 68
Кочани 4109, Активни 52
Струга 3938, Активни 31
Гевгелија 2936, Активни 97
Неготино 2633, Активни 33
Свети Николе 2155, Активни 28
Крива Паланка 1958, Активни 37
Ресен 1875, Активни 93
Радовиш 1812, Активни 39
Берово 1483, Активни 14
Делчево 1466, Активни 28
Дебар 1458, Активни 1
Виница 1180, Активни 13
Пробиштип 1142, Активни 11
Валандово 1040, Активни 62
Кратово 789, Активни 7
Богданци 689, Активни 34
Демир Хисар 642, Активни 26
Крушево 608, Активни 13
Македонски Брод 539, Активни 29
Демир Капија 434, Активни 6
Македонска Каменица 429, Активни 11
Пехчево 359, Активни 1
Дојран 174, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски и советниците спречија изградба на зграда: „Безбедноста на граѓаните на прво место“

На предлог на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, Советот на општина Центар со 19 гласа „за“ и и еден воздржан донесе одлука за суспендирање на примената на градежна парцела во рамки на ДУП „Буњаковец 1.
Причината за суспензијата е изградба на објект чија реализација може да предизвика сериозни безбедносни и правни импликации. Градежната парцела се наоѓа на аголот на булеварите Климент Охридски и Митрополит Теодосиј Гологанов, а единствениот пристап до неа минува покрај студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, каде се наоѓа резервоар со запаллива материја која се користи за греење, што претставува ризик од пожар и бара изработка на посебен елаборат со еколошки анализи и согласности, известува Општината.
Пристапот исто така минува преку подземни инсталации кои ја снабдуваат целата населба и студентскиот дом, како и преку објекти легализирани во минатото, пред повеќе години, за кои е потребна постапка за нивно отстанување , процес кој може да предизвика долги и комплексни правни последици.
Општината повеќе од две години работи на соодветно решавање на овој случај, но досегашните барања за соодветен сообраќаен проект не беа уважени од соодветните институции.
Поради тоа, се предлага суспензија за градење на конкретната градежна парцела се додека не се обезбедат безбедносни и правно сигурни услови за пристап и реализација на објектот, се наведува во соопштението на Општината.
„Мојот приоритет е безбедноста на граѓаните и инфраструктурата. Нема да дозволам да се загрози безбедноста на жителите на Центар, но истовремено ќе внимаваме да се заштитат интересите на сите инволвирани страни. Важно е да бидеме целосно сигурни дека сите услови се исполнети за да може да се гради објектот.Во меѓувреме, подготвуваме нов ДУП кој ќе ги реши овие прашања и ќе овозможи безбеден и законит пристап до парцелите“, истакна Герасимовски.
Македонија
Александар Трајановски: Централната пошта да стане Градски инспекторат и Центар за урбано планирање – време е за пресметка со дивоградбите и урбаниот хаос

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“, Александар Трајановски, најави конкретен план за обновување на Централната Пошта и нејзина трансформација во Градски инспекторат и Центар за урбано планирање.
„Ги засукуваме ракавите и влегуваме во директна пресметка со дивоградбите и урбаното дивеење во градот Скопје и општините. Повеќе нема да има недопирливи згради, бесправни градби и хаотичен развој. Време е институциите да си ја вратат својата сила,“ изјави Трајановски.
Со овој потег, еден од највпечатливите објекти на скопскиот модернизам ќе добие нова јавна функција со вистинска корист за граѓаните – место каде ќе бидат обединети сите градски инспекции и урбанистички служби, во транспарентен и ефикасен систем.
„Централната Пошта е дел од нашето културно наследство, но и од нашиот градски срам – ја оставивме да пропаѓа. Наместо да ја рушиме, ќе ѝ дадеме нова улога. Таа ќе стане симбол на ред, контрола и паметно урбано управување,“ изјави Трајановски.
Новиот Градски инспекторат ќе обедини повеќе од десет инспекциски служби – урбанистички, градежни, комунални, еколошки и сообраќајни. Просторот ќе биде отворен за јавноста, архитектите и стручната фела, со современи канцеларии, дигитални системи и сали за јавни консултации.
Дел од поширока визија – „Поправка на она што вреди“
Оваа иницијатива е дел од визијата за „поправка на она што вреди“ – враќање на животот во објектите што го обликуваа идентитетот на Скопје. Во истиот план се предвидени и:
· ГТЦ – нов дом на градската администрација, младите и културата,
· Кино Милениум – обновен културен простор и филмски центар,
· МКЦ – проширен центар за современа уметност и независна сцена.
„Скопје не треба да се гради одново – треба да се обнови со памет и љубов. Градот го измалтретиравме доволно, време е да го лекуваме,“ порача Трајановски.
Македонија
Муцунски на Состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес во Белфаст

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествува на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, што денес се одржува во Белфаст.
Во фокусот на дискусиите беа регионалната соработка, европските перспективи на земјите од Западен Балкан и заедничките безбедносни предизвици.
Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи потребата од заеднички одговор на современите безбедносни ризици – хибридни и сајбер закани, дезинформации, миграции, нелегално финансирање и организиран криминал, кои дополнително влијаат на безбедноста и стабилноста, поткопувајќи ги институциите и јавната доверба.
На состанокот беше истакнато дека политиката на проширување на Европската унија претставува витална рамка за трансформација на општествата и унапредување на добрососедските односи, демократските стандарди и владеењето на правото. Зaедничко беше констатирано дека постепената интеграција, Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар значајно го приближуваат Западен Балкан до Европската унија и го прават пристапниот процес поопиплив за граѓаните.