Македонија
Платите на здравствените работници в година ќе пораснат за 5 отсто

Министерот за здравство Венко Филипче и синдикалните здруженија на здравствените работници, потпишаа анекс на колективниот договор според кој во годината што следува е предвидено да се реализира зголемување на платите за 5 проценти за сите вработени во здравството.
Вкупно 600 милиони денари се издвоени за оваа намена за 2022 година.
„Во изминатите 4 години оваа Влада го врати достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 проценти, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 отсто, на општите лекари за 25 отсто, а на здравствени соработници за 15 проценти. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го коригиравме коефициентот за дежурства. На младите колеги специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар. Граѓаните заслужуваат најдобра медицинска нега, а здравствените работници достојни услови за вршење на нивната дејност“, велат од Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Директорот на геријатрија зел 20.000 евра поткуп за да смести неподвижно лице

Заедно со посредник, директорот на болницата за геријатрија, Мухсин Арифи, барал и примил поткуп за сместување на болно и неподвижно лице во геријтриската установа.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, откривајќи детали за акцијата на МВР со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти дека поткупот бил во износ од 20.000 евра.
За жал, кога сѐ уште владее национална тага, вели Јанев, некои поединци се осмелуваат нелегално да профитираат.
Тој уверува дека нема да се дозволи ваквите случаи да останат неказнети.
Македонија
Предложено е спојување на Фондот за иновации со Агенцијата за поддршка на претприемништво

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои информацијата за потребата од реорганизација на Фондот за иновации и технолошки развој и предлог за спојување со Агенцијата за поддршка на претприемништво.
Владата го задолжи Министерството за образование и наука во рок од 10 дена да формира работна група со претставници на Канцеларијата на Претседателот на Владата, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемништво и Фондот за иновации и технолошки развој која ќе има за цел да изработи нов или измена и дополнување на Закон за иновациска дејност со кој ќе се регулира реорганизацијата на Фондот за иновации и технолошки развој.
Македонија
Владата ќе набави 120 еколошки автобуси за градски превоз

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на 120 еколошки автобуси за градски превоз.
Министерството за транспорт е задолжено да ја отпочне постапката за јавна набавка.
Распределбата ќе се изврши согласно ургентноста, економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа, се вели во информацијата од владината прес-служба.