Македонија
373 новозаразени и 12 починати од Ковид-19 во последните 24 часа
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 5.489 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје – 196, Битола – 36, Охрид – 20, Кавадарци – 18, Прилеп – 17, Струмица и Гевгелија по 11, Велес – 9, Крива Паланка – 7, Куманово и Штип по 6, Кичево, Неготино, Ресен, Валандово и Македонски Брод по 4, Тетово, Кочани и Делчево по 3, Радовиш – 2 и по еден заразен во Струга, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран.
Во текот на изминатото деноноќие пријавени се 12 починати лица: 8 починати од Скопје (54, 66, 68, 71, 79, 87, 87 и 87 години), две починати лица од Битола (67 и 72 години) и по едно починато лице од Кичево (75) и Штип (74). Сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште шест смртни случаи во периодот од 3 до 21 декември. Меѓу овие починати се три лица од Скопје и по едно од Битола, Куманово и Струга,на возраст од 65 до 92 години. Три од лицата се починати во болнички, а три во домашни услови.
Во изминатите 24 часа регистрирани сe 320 оздравени пациенти од: Скопје – 175, Прилеп – 24, Битола – 19, Кавадарци – 18, Охрид – 13, Велес – 9, Гевгелија – 8, Штип – 7, Куманово – 6, Ресен, Тетово и Радовиш по 5, Кичево и Валандово по 4, Струмица и Кратово по 3, Неготино и Кочани по 2 и по еден оздравен од Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Свети Николе, Берово, Виница, Пробиштип и Пехчево.
Направените 5.489 тестови се преку: ИЈЗ-322, ЦЈЗ Скопје-50, ЦЈЗ Битола-84, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–2, ЦЈЗ Куманово-100, Институт за микробиологија–144, Жан Митрев (Филип Втори)-95, Авицена-242, Биотек-258, Систина-92, лабораторија Лаор-279, Синлаб-54, Ремедика-12, Плодност-66, Генеа-28, Никоб лаб-624, ВФВ Медикал-92, Ели Медика-131, Ројал Медика–64, Спектра-ММ-15, Рапид Лаб–72, Жан Митрев Струмица–19, Нова Лаб Дијагностика–3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.586.
Досега во земјата се направени вкупно 1.591.522 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 224.507, бројот на оздравени пациенти е 211.548, на починати е 7.953, а бројот на активни случаи изнесува 5.006.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 98738, Активни 2550
Куманово 13132, Активни 109
Тетово 11425, Активни 73
Прилеп 10815, Активни 350
Битола 9280, Активни 378
Гостивар 8082, Активни 18
Велес 7519, Активни 142
Кавадарци 7430, Активни 184
Охрид 6815, Активни 233
Штип 6757, Активни 85
Струмица 6297, Активни 142
Кичево 4324, Активни 67
Кочани 4112, Активни 53
Струга 3938, Активни 30
Гевгелија 2947, Активни 100
Неготино 2636, Активни 34
Свети Николе 2155, Активни 27
Крива Паланка 1965, Активни 43
Ресен 1879, Активни 92
Радовиш 1814, Активни 36
Берово 1483, Активни 13
Делчево 1469, Активни 30
Дебар 1458, Активни 1
Виница 1180, Активни 12
Пробиштип 1142, Активни 10
Валандово 1044, Активни 62
Кратово 789, Активни 4
Богданци 690, Активни 35
Демир Хисар 643, Активни 26
Крушево 608, Активни 13
Македонски Брод 543, Активни 33
Демир Капија 435, Активни 7
Македонска Каменица 429, Активни 11
Пехчево 359, Активни 0
Дојран 175, Активни 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 16 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во сабота кога ќе има зголемено наоблачување. Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Македонија
СДСМ некогаш беше државтворна партија, а сега се занимава со трач муабети, реагира движењето ЗНАМ
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија реагираше на, како што наведуваат, обвинувањата од СДСМ, оценувајќи дека партијата „бега од одговорност со навреди, етикетирања и лични дискредитации“.
Во реакцијата, од ЗНАМ наведуваат дека СДСМ, наместо да понуди аргументи и одговори за кономската и институционалната состојба во државата, се занимава со „озборувања“ и „трач муабети“.
Партијата оценува дека СДСМ, која некогаш беше државотворна партија, денес е сведена на фабрика за навреди, конструкции и политички отров, како и дека со улична реторика покажува нервоза и очај.
Од ЗНАМ нагласуваат дека движењето не е ничја квислиншка група, туку автентична политичка сила создадена од граѓани разочарани од владеењето на СДСМ.
Во реакцијата се споменува и периодот на владеење на Зоран Заев, при што се изнесуваат критики за, како што наведуваат, националните политики и управувањето со државата. Се споменува и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, при што се посочуваат, како што стои во реакцијата, контроверзии и сомнежи за тендери и набавки.
„Политиките на Зоран Заев останаа запаметени како период во кој националните интереси се ставаа на распродажба без јасен консензус и без чувство за државничка мерка. Со рачето на срце се промовираше како чесен и достоинствен, а всушност државата ја претвори во сопствен приватен бизнис. Симболиката на „едно евро за Вицето, едно за црквата“, беше само дел што нештото го докажува. Ги распродадоа македонските национални позиции на ангро, без јасна стратегија и без поддршка, ја разнишаа довербата во институциите и ја продлабочија поделбата во општеството. И по сето тоа, истите тие кругови, истото тоа раководство, се обидуваат да зборуваат за морал и одговорност, како граѓаните да немаат паметење. Во периодот кога со здравството раководеше Венко Филипче, јавноста беше сведок на низа контроверзии, сомнежи за тендери, набавки и прашања на кои никогаш не доби целосни и транспарентни одговори. Златни визи, сомнителни бизнис релации и повластени шеми, сето тоа се случуваше во време кога СДСМ ветуваше „живот за сите“, а испорача привилегии за малкумина“, велат од ЗНАМ.
Од ЗНАМ дополнително оценуваат дека опседнатоста на СДСМ со наративи за т.н. ‘српски свет’ и со случувањата во соседна држава и нивната постојана потреба да отвораат фронтови и да се караат со сите, од политички партии до новинарие прашање што партијата треба да го решава во сопствени рамки.

