Македонија
Мицкоски: Катастрофална е ситуацијата во државата, неопходни се предвремени парламентарни избори
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на РЕК Битола одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што БЕГ бара зголемување на цената на парното за 300 проценти истакна дека за целата оваа катастрофална ситуација во државата ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека ќе се случи и токму затоа неопходни се предвремени парламентарни избори и луѓе кои што ќе знаат да ги решаваат овие проблеми.
„Зборуваме за компанијата којашто снабдува 50-60 илјади домаќинства во Скопје, тоа е резултат на високата цена на гасот, кој што тие го користат за производство на топлина, односно да ги затоплуваат домовите на овие 50 -60 илјади домаќинства во градот Скопје и за тоа зборувавме и за тоа предупредувавме дека ќе се случи, нè убедуваа дека работата е под контрола, дека ситуацијата со затоплувањето во градот Скопје ја имаат под контрола, ја владеат и така натаму, но очигледно дека не е така, што може да се случи, може да останеме без затоплување на први јануари, голем дел од домаќинствата коишто користеа централно затоплување да ги вклучат греалките, да ги вклучат инверторите, да ги вклучат клима-уредите, и да дојде наеднаш до енергетски шок, односно до зголемена побарувачка и потрошувачка на електричната енергија и тогаш тоа сите ќе го осетиме низ цела Македонија. За жал, повторно и ова претставува една од оние авантуристички политики на оваа влада на што предупредувавме, затоа да сумирам потребни ни се предвремени парламентарни избори да дојдат луѓе коишто знаат како да ги решаваат овие проблеми без граѓаните да почувствуваат сериозни последици бидејќи состојбата во државата е катастрофална“, истакна Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

