Забава
Ванеса Редгрејв стана почесна дама, женска верзија на витез
Актерката Ванеса Редгрејв е прогласена за почесна дама и заедно со неколку други ѕвезди влезе во друштвото на дами и витези одликувани од кралицата Елизабета Втора.
Дама е женски еквивалент на витез што традиционално им се дава на мажи. Дамата е почесна титула и женствен облик на обраќање во многу христијански витешки ордени, како и во британскиот систем на почести.
Прославената ветеранка на театарот и екранот Редгрејв доби признание за заслуги во драмата.

„Бев изненадена и благодарна што ѝ се придружив на оваа чудесна група британски уметници, чија работа ме инспирира мене и публиката во светот,“ рече таа.
Британската актерка е една од групата ѕвезди што носат тројна актерска круна – добитник на „Оскар“, „Еми“ и „Тони“ – и исто така ја доби и наградата „Оливие“, највисокото признание на лондонскиот Вест Енд.
Други славни личности што ги одлукува кралицата во рамките на новогодинешните почести 2022 се актерката Џоан Ламли, презентерката на вести Моира Стјуарт, танчарката Ешли Банџо, актерката Џун Браун.
Кралицата го одликува и Даниел Крег, актерот што го отелотвори британскиот таен агент 007. Тој доби британски рицарски орден за неговиот голем придонес во филмската индустрија.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Реакции на социјалните мрежи по настапот на Цеца во Велес
Настапот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес предизвика бројни реакции на социјалната мрежа „Икс“ , откако за време на концертот таа се завитка во бугарско знаме кое и’ го дадоа од публиката.
Корисници од Македонија споделуваат видеа и коментари од настанот. „Ја би ги исвиркал сите што отидоа на концерт на Цеца“, напиша еден корисник, додека друг иронично праша: „Дали Цеца ќе го истетовира МК знамето?“
Има и коментари кои сугерираат дека моментот бил резултат на провокација: „Бугарското знаме ѝ го подметнаа обични провокатори и добија што си бараа“ стои во еден од постовите, како и многу кои на комичен начин се осврнаа на настанот.
“Дали УДБА преку искористување на Цеца со бугарско знаме во Велес, се обидува да го
опструира приближувањето на официјални Софија и Скопје околу т.н. француски предлог?”Утринско ВасКафе ☕️😄 pic.twitter.com/Pn5kmq1Wcq
— Далибор 🇲🇰 (@Pobeda2024) November 1, 2025
Цеца за Hallowen се преправи во бугарка 👻
— elizabethand (@eliza_and_beth) November 1, 2025
Колку од тие што и свиреле на Цеца се со бугарски пасош? Зна ли се шта?
— Iv0P0p Sivi 🦅 (@IvoPop_) November 1, 2025
И цеца не влезе во устав.
— Робин Луд (@vladimirmk) November 1, 2025
Цеца се огласи коментирајќи дека не сакала да навреди никого, најмалку домаќините, како и дека таа секогаш прифаќа знамиња од публиката.
Забава
Карлеуша за Цеца по настапот во Велес: „Не е незнаење, тоа е дно“
Пејачката Јелена Карлеуша реагираше по настапот на Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес, каде што Цеца се завитка во бугарското знаме, потег што предизвика негодување кај публиката.
Како што пренесе „Курир.рс“, Карлеуша на социјалната мрежа „Икс“ го нарече овој чин „дно“ и напиша:
„Идејата да се завиткаш во знамето на земја што го оспорува името и постоењето на Северна Македонија, па уште и да го бакнеш – тоа не е глупост или незнаење, тоа е дно.“
Во текстот се додава дека и македонскиот шоумен Боки 13 реагирал со негодување, додека од прес-службата на Цеца не дале коментар.
Подоцна, Ражнатовиќ се огласи и изјави дека нејзината намера не била да навреди никого:
„Секогаш со радост ја прифаќам секоја знаме од мојата публика, бидејќи тоа е мојот народ. Жал ми е ако некого повредив – тоа не ми беше намерата, особено не домаќините,“ изјави пејачката за „Блиц“, која потоа во текот на концертот го подигна и македонското знаме.
Забава
Хороскопски знаци кои успеваат и кога се под најголем притисок
Постојат луѓе кои под притисок не губат концентрација, туку стануваат поефикасни. Според хороскопот, овие знаци најчесто успеваат дури и кога условите се најтешки:
Јарец – најдобро функционира кога е најтешко. Не се плаши од одговорност и секогаш останува рационален и смирен, користејќи го притисокот во своја корист.
Шкорпија – има силна внатрешна контрола и не паничи кога другите го прават тоа. Знае да ги анализира ситуациите и да донесе ладнокрвни одлуки.
Девица – логична, организирана и аналитична. Во кризни моменти не губи време, туку веднаш бара решение.
Овен – се мотивира кога ситуацијата станува сериозна. Притисокот кај него го буди натпреварувачкиот дух и ја засилува одлучноста.

