Македонија
(Видео) Арсовски: Ќе излезе ли на виделина вистината за Зоран Заев и за брат му?

Дали Обвинителството, конечно, ќе отвори случај за Зоран Заев и за брат му за да излезе вистината на виделина, запраша на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсковски, нагласувајќи дека основа за тоа се многуте сведоштва од луѓе и бизнисмени што имале контакти со поранешниот премиер.
„Сведоштва и тврдења за рекетирање бизнисмени, сведоштва и тврдења за контролирање судии и обвинители, сведоштва и тврдења за вмешаност во криминал. Сето ова поврзано со еден човек – тоа е Зоран Заев“, нагласи Арсовски додавајќи дека Заев бил човекот на врвот на криминалното милје во Македонија изминативе години.
Партискиот портпарол се повика на сведоштвата на таткото на Бојан Јовановски, обвинет во „Рекет“ и за Меѓународниот сојуз, Миле Јовановски, кој, како што рече Арсовски, посочил дека Зоран Заев ѝ наредувал на Катица Јанева да враќа пасоши и да ослободува луѓе што претходно ги уценувале.
„Замислете, во два наврата слушаме сведоштва и тврдења во кои братот на Зоран Заев, Вице Заев, им се заканувал за животот на луѓе, само за да молчат и да не ја говорат вистината.
Јавно во писмо од обвинетиот за Меѓународниот сојуз и во ‘Рекет’, Бојан Јовановски, целата јавност можеше да прочита дека фамилијата Заеви рекетирале бизнисмени за што имало и докази во одредени телефони и конверзации на апликации.
Затоа, јавно прашуваме дали се вештачени и доколку се вештачени, до каде е вештачењето на тие телефони?
Зошто телефонот на Зоран Заев и на брат му не се вештачни, односно не се земени за вештачење, за да се види какви сѐ конверзации има внатре,како и вмешаноста во овие случаеви?“, запраша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ воедно барајќи и одговор за тоа до каде се кривичните пријави што обвинетиот Бојан Јовановски ги поднел за лица од власта, меѓу кои и од врвот на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Крадци корнат бисти од гробишта – по Бутел, бронзена биста украдена и во Ѓорче

Нов случај со кражба на бронзена биста од гробишта бил регистриран во полицијата во текот на вчерашниот ден.
Скопјанка пријавила попладнето дека од гробиштата во Ѓорче Петров со употреба на физичка сила била одземена една бронзена биста.
Само два дена претходно, истото се случи и на гробиштата во Бутел. Тогаш од МВР информираа дека со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти.
„Макфакс“ претходно објави и дека во текот на минатата седмица беше откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец“ во Скопје. Украден е релјефот од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на постаментот, отстранети се и бронзените букви од натписот „Татковината – копнеж на прогонетите“
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случаите.
Македонија
Дрво падна кај Млечен, оштетени три автомобили, скинати кабли од бандера

Дрво попладнево падна на улицата Анкарска кај популано именуваниот реон „Млечен ресторан“.
Паднатото дрво има оштетено три автомобили.
Од Центарот за управување со кризи, информираа дека полицијата е на лице место и настанот е пријавен во ЈП ,,Паркови и зеленило” за да го отстранат паднатото дрво од улицата.
Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера.
Известени се надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли.
Фото: Илустрација
Македонија
Села му одговори на Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

Едниот од лидерите на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку социјалните мрежи му одговори на неговиот поранешен сопартиец, Арбен Таравари за можноста за повторна соработка.
„Според албанската традиција и обичајното право, домот не е едноставно место каде што живееш, туку тоа е име и идентитет! Дали вратата или куќата е голема или мала го прави сопственикот на куќата. Честа, довербата, дадениот и одржан збор и мажественоста се атрибутите кои овој сопственик мора да ги има. А кога ги нема, тоа не се нарекува ниту куќа, ниту врата, а камоли голема“, се вели во објавата на Села.
Таравари претходно вчера рече дека кој сака е добредојден да им се придружи. Одговарајќи на новинарско прашање дали е можно повторно спојување со лидерот на другото крило од Алијанса за Албанците, Зијадин Села, тој изјави: „Јас кажав дека нашата куќа, нашата фамилија е голема, за сите вратите се отворени, така што, кој сака нека повели, добредојден е“.

„Јас кажав дека нашата куќа, нашата фамилија е голема, за сите вратите се отворени, така што, кој сака нека повели, добредојден е“ – Арбен Таравари
Алијансата за Албанците на Таравари одлучи на локалните избори да излезе со посебни листи за општински советници.