Црна хроника
Во Гевгелиско приведен криумчар на мигранти од Куба

Во координирана акција на гевгелиската и граничната полиција, попладнево околу 13.30 часот на патниот правец меѓу селата Прдејци и Смоквица приведен бил П.Г. (48) од Богданци, кој криумчарел мигранти.
Како што информираат од МВР, во возило „форд фокус“ со гевгелиски регистерски таблички, 48-годишникот превезувал петмина мигранти од Куба.
По целосно документирање на случајот, против П.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полициска акција во Велес: пронајдени кокаин и над 30.000 евра

Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Велес, во координација со јавен обвинител, на подрачјето на Велес спроведоа заедничка и координирана истрага против лица за кои постојат информации дека се инволвирани во случајот на купопродажба на еден килограм кокаин, кој беше запленет на 29.11.2024 и за кој СВР Велес поднесе кривична пријава против три лица.
Како дел од истрагата, денеска (11.06.2025), со наредби од Основен суд Велес, беа извршени претреси на повеќе локации во Велес и велешко.
Претреси беа извршени во куќата на А.В.(53) во Велес, во куќата, станот и викенд куќата на лицето С.С.(47) во Велес и Чашка, во куќа и плац на А.Ц.(29) во Велес и во станот на В.Л.(41) во Велес.
За време на претресите биле пронајдени и одземени кокаин, околу 37.000 евра, дигитална вага со остатоци од кокаин, мобилни телефони и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Исто така, во текот на денот СВР Велес ќе поднесе кривична пријава против уште едно лице по член 215 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Ограбени девојки во Струмица и Штип

Денеска во 02.15 часот во СВР Струмица, А.П.Д.(42) од Струмица пријавил дека околу 01.00 часот во Струмица, неговата малолетна ќеркабила физички нападната од едно машко лице, кое ѝ ја одзело чантата. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 13.15 часот во СВР Штип, Б.Л.(74) од Штип пријавил дека околу 12.00 часот во Штип, едно машко лице со употреба на физилка сила од неговата малолетна ќерка одзело пари.
Според надлежните, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Избодени малолетници на Бит Пазар

Денеска во 01.40 часот во СВР Скопје, Б.А.(38) од Скопје пријавил дека на 10.06.2025 околу 22.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, кои ги познавал, од кои едниот од нив употребил остар предмет и му нанел повреда.
Според пријавеното, подоцна малолетниците им упатувале закани на двајцата, при што истиот малолетник нанел повреда со остар предмет и на Б.А..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.