Соопштенија
Али Ахмети им го честита Божик на православните верници
По повод христијанскиот празник Божик, претседателот на ДУИ, Али Ахмети упати честитка до сите православни верници.
„Имам чест на сите православни верници да им го честитам големиот празник Божик со најискрени желби за здравје, благосостојба и успех.
Божик е празник на надежта и вербата за нов почеток на животот и во овој дух, славејќи заедно за да ја обновиме вербата и посветеноста на општото добро на животот за сите наши граѓани, правејќи го секој од нас уште подобар и покорисен за нашето општество.
Посакувам овој празник да го поминете среќно со вашето семејството и посакувам да поминете среќни моменти со вашите најблиски.
Заедничките празници и цели за подобар, подуховен, побожен живот, нè зближуваат еден со друг и не прават попосветени на заедничките вредности“, се вели во честитката на Ахмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Потпишување на нова соработка: клиентите со која било полиса за осигурување склучена преку „MintIns“ ќе добијат членство во „Interdomestik“
На 04.06.2024 година во 11.00 часот, најавено е потпишување на соработката помеѓу „MintIns“ и „Interdomestik“. Настанот ќе се случи на Уу. Димитрие Чуповски 22, Дебар Маало – О. Центар, Кај Круг (Радио Бар).
Ова ново партнерство означува добра пресвртница во осигурителната индустрија, носејќи придобивки за осигурениците.
Соработката помеѓу „MintIns“ и „Interdomestik“ гарантира дека клиентите со која било полиса за осигурување склучена преку „MintIns“ сега ќе добијат членство во „Interdomestik“. Ова членство обезбедува сеопфатна помош и го олеснува добивањето на побарувањата, нудејќи бројни придобивки, вклучувајќи:
– Бесплатна консултација за утврдување на правната основа за надомест на сите видови штети
– Процедури за надомест на штета од осигурителната компанија
– Бесплатна категоризација на повреди од сообраќајни незгоди од независен лекар-цензор
– Алтернативна пресметка за материјална штета во однос на проценката на осигурителната компанија.
– Определување коефициент на инвалидност во случај на несреќа
– Консултации за третман на лице место преку контакт центарот
Дополнителните придобивки за осигурениците вклучуваат:
– Авансно плаќање на трошоците за изготвување на вештачење на штета во вонсудска постапка
– Организирана наплата на штета во судска постапка во случај на неточни понуди
– Авансно плаќање на трошоците за правно застапување во судска постапка
Оваа иновативна соработка е прва од ваков вид помеѓу осигурителен брокер и компанија специјализирана за помош и наплата на штети. Ветува позитивно да влијае на осигурителниот пазар и ќе обезбеди подобрени услуги за сите осигуреници.
Придружете ни се на овој значаен настан и бидете сведоци на потпишувањето на договорот кој најавува нова ера во осигурителните услуги.
Со нетрпение го очекуваме вашето присуство на настанот.
ПР
Соопштенија
Новото електрично возило ,,грин машинс” на БРАКО претставено во Минхен
Новото електрично возило за чистење Грин Машинс на БРАКО привлече значајно внимание кај посетителите на најголемиот европски саем за комунална опрема и еколошки технологии – IFAT во Минхен. Посетителите беа главно претставници на општини, на специјализирани претпријатија и компании за јавна хигиена, кои на саемот бараа најдобри и најповолни решенија за одржување хигиена во урбани средини.
Новата електрична машина за чистење Грин Машинс, произведена во велешката фабрика, е најдобра во својата категорија на свипери и ќе отвори нови пазари во светот, таму каде се бараат возила за чистење со овие перформанси.
Оперативниот директор на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, кој беше присутен на саемот во Германија, изјави дека електричните и хидрогенски возила на македонската фирма се високо ценети на пазарот и во многу нешта подобри од светската конуренција, која меѓу другите се состои и од американски, германски и француски производители.
,,Имаме наши фирми во САД, Обединетото Кралство, Германија , Холандија, сега влеговме во Мексико, а имаме продажна мрежа низ цел свет. Македонските електрични и хидрогенски возила за чистење се поквалитети и поевтини од тие на светската конкуренција и затоа успеваат да се продадат во над 60 земји. Можам да кажам дека како тим сме горди на нашата работа, горди сме што овде на саемот имавме што да му покажеме на светот”- изјави оперативниот директор на Грин Машинс, Ангел Анѓушев.
Возилото беше развивано две години од страна на инженерскиот тим за истражување и развој на БРАКО/Грин Машинс и експерти од Машинскиот факултет во Скопје.
ПР текст
Соопштенија
Бекутанова работилница за родители со бренд амбасадорот Тарик Филиповиќ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО
– Родителството, несомнено, е најважната и најубавата животна улога, проследена со голем број предизвици со кои се соочуваат мајките и татковците од раѓањето на бебето. Таа улога е толку драгоцена со сите свои предизвици, што, иако акцентот за грижата и за негата околу новороденото бебе, главно, е на страната на мајката, сѐ повеќе се согледува важноста на татковците, па се истакнува значењето на нивното активно учество во развојот на бебето од неговото раѓање. Татковците на некој посебен начин се поврзуваат со новороденото бебе, па со своето присуство создаваат нераскинлива поврзаност, која трае цел живот. Сето ова беа темите на овогодишната Бекутанова работилница за родители, која се одржа во прекрасната Magnolia Slastice, со познати татковци и со голем број мајки. Сѐ за најубавата улога во животот, татковската улога, ни раскажаа Стјепан Вукадин, Фабијан Павао Медвешек и д-р Натко Бек, заедно со д-р Диана Пужевски, со модераторот Мирна Медаковиќ Степинац и со специјалниот гостин Тарик Филиповиќ, кој по раѓањето на својот син покажа неизмерна доверба во „Бекутан“ и стана негов горд бренд-амбасадор.
Колку е важна, но и најубава улогата на татко нагласи Тарик Филиповиќ, првиот бренд-амбасадор на „Бекутан“: „Велат дека е лесно маж да стане родител, но треба многу повеќе за да стане ТАТКО! Фигурата која јас ја паметам како најголем морален и човечки авторитет и пример. Сето пропуштено при растењето на детето тешко можеш да го надоместиш, а детето кога ќе стане возрасен човек, ќе памети многу од она што не си го пропуштил. И тоа неретко го формира како личност и го насочува понатаму во животот. Но, со сета должна почит спрема нас татковците и спрема нашите татковци, мојот наклон оди за едната и единствена – МАЈКАТА!“
Значењето и важноста на рамнотежата во родителството ги нагласи д-р Натко Бек: „Сите ние правиме грешки, но и учиме од грешките и се трудиме да го направиме најдоброто во дадениот момент. Важно е да се едуцираме и да увидуваме каде грешиме бидејќи тоа нѐ прави подобри татковци! Важен е балансот во родителството. Татковците и мајките треба рамноправно да учествуваат во растењето на детето од неговото раѓање.“
„Овогодишната Бекутанова работилница ја имаше темата за улогата на татковците во растењето на децата од првите денови, со акцент врз предизвиците што ги носи родителството, а во контекст на поттикнување позитивно и рамноправно родителство. ’Бекутан’, како и секогаш, е во чекор со времето, па покани и познати татковци за да ги споделат своите искуства со породилното отсуство, но и за да кажат збор-два за поврзувањето со своите деца. Сите беа согласни дека улогата на таткото во растењеето на детето е неизмерно важна“, изјави реномираниот педијатар д-р Диана Пужевски.
ПР текст