Црна хроника
Жена од Крива Паланка почина откако во неа удрил автомобил

На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во близина на населбата Карпош, во сообраќајна несреќа вчера загина 64-годишна жена од кривопаланечкото село Луке.
Како што информираат од МВР, автомобил „фолксваген пасат“, со кумановска регистрација, управуван од Б.Ѓ. (33) од Куманово удрил во Р.П. (64).
По несреќата жената била пренесена во општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош каде околу 19.20 часот, била констатирана смрт.
На местото на несреќата извршен бил увид од јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пушки, пиштол и муниција пронајдени во Демирхисарско: уапсено едно лице

Денеска, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.С.(62) од с.Обедник, демирхисарско.
Врз основа на наредба од Основен суд Битола извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.С. во с.Обедник, при што биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол и 158 куршуми различен калибар.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Едно лице тешко повредено во Аеродром, го нападнале поради недоразбирање во сообраќајот

Едно лице е тешко повредено во Аеродром, го нападнале неколку лица поради недоразбирање во сообраќајот.
Според информациите во МВР, синоќа околу 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, Р.Ж.(56) од Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Тој со тешки телесни повреди е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден малолетен пешак во Скопје, во него удрил автомобил

Малолетен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(22) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.