Свет
Девет деца загинаа во експлозија во Авганистан

Во експлозија во источен Авганистан во близина на границата со Пакистан загинаа девет деца, а четири се ранети, соопшти денеска канцеларијата на гувернерот.
Во соопштението се наведува дека експлозијата се случила кога количка на која се продавала храна удрила стара минофрлачка граната во областа Лалопар, во источната провинција Нагархар, пренесува агенцијата АП.
Американската агенција во извештајот наведува дека други детали за оваа несреќа не се веднаш достапни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Караџов за Коридорот 8: Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, каде е да го потпише договорот

Имам чувство дека Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, коментира вицепремиерот и министер за транспорт, Гроздан Караџов, во врска со зборовите на својот колега од РСМ дека Бугарија не прави ништо во врска со Коридорот 8, пренесуваат бугарските медиуми.
„Го испративме договорот, а каде е Николоски да го потпише“, праша Караџов во интервју за бугарскиот јавен медиум и продолжи: „Додека Николоски ги кажуваше овие зборови, возот помина низ Перник, низ Радомир и стигна до Ќустендил, а од таму стигна до последната станица Ѓуешево за да го чека македонскиот“.
Тој потсети дека Бугарија проектира 90 % сосема нова линија помеѓу Радомир и Ѓуешево за да ги прошири кривините овозможувајќи брзина на возовите од 160 километри на час.
„Во 2032 година, кога ќе достигнеме брзина на возот од 160 километри на час, ќе ги прашам од другата страна дали ќе има тунел или не“, вели Караџов.
Свет
Германската разузнавачка служба ја класифицира АфД како екстремистичка партија што ѝ се заканува на демократијата

Германската разузнавачка служба денес ја класифицира партијата Алтернатива за Германија (АФД), која го освои второто место на последните парламентарни избори, како докажано екстремно десничарско движење, што треба да ѝ овозможи да биде ставена под строг надзор.
Идеологијата на АФД, која „ги девалвира цели групи од населението во Германија и го поткопува нивното човечко достоинство не е компатибилна со основниот демократски поредок“, се вели во соопштението на Канцеларијата за заштита на Уставот.
На парламентарните избори на 23 февруари партијата постигна историски пробив и го удвои претходниот резултат со повеќе од 20 проценти од гласовите.
Оттогаш оваа млада партија, основана во 2013 година, дури и ја престигна конзервативната партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на Фридрих Мерц, кој треба да положи заклетва како нов канцелар во вторник, во некои анкети на јавното мислење.
Канцеларијата за заштита на Уставот сè уште не даде детали за конкретните последици од оваа класификација на АФД, која би можела да има големи последици врз политичкиот живот во Германија.
Оваа класификација им дава на властите значителни средства за следење и контрола на активностите, вклучително и приватните комуникации.
Дебатата за можната забрана на АФД, што некои политички лидери ја иницираа во последните месеци, би можела повторно да се разгори.
Германската разузнавачка служба веќе ги класифицира младинската организација на АфД и неколку нејзини регионални разграноци во поранешните источногермански покраини како екстремистички.
Во соопштението оваа служба ги споменува општиот непријателски став на партијата кон мигрантите и муслиманите и континуираните изјави затоа што поттикнуваат ширење и продлабочување на предрасудите, огорченоста и стравот.
Свет
Тинејџер од Полска убил и запалил жена, па отишол на екскурзија во Грција

Во грчкиот град Катерини малолетник од Полска е уапсен и обвинет за брутално убиство, кое наводно го извршил во својата земја.
Станува збор за 17-годишен тинејџер, кој дошол на организирана екскурзија во Грција неколку дена по злосторството. Уапсеното лице е обвинето за убиство на жена на 23 април во град во североисточна Полска.
Според кривичната пријава, седумнаесетгодишникот наводно ја влечел жената до работилница, каде што ја удрил неколкупати со секира или чекан. Тој е обвинет и дека ја запалил, така што истурил непозната хемиска супстанција врз неа, а потоа телото го фрлил во пластична канта за ѓубре, според медиумите во регионот.
Тинејџерот бил идентификуван од полските власти и по него била издадена потерница, која била извршена во Грција кога бил пронајден.
Се очекува обвинетиот да биде изведен пред Обвинителството на Апелациониот суд во Солун за да се почне постапката по барањето од Полска за екстрадиција, според написите.