Забава
Мајкл Кејн продава вредни сувенири од својата кариера
Мајкл Кејн продава на аукција вредни предмети поврзани со долгата актерска кариера.
Актерот ветеран и неговата сопруга Шакира ќе продаваат на аукција филмски постери, реквизити и уметнички дела во лондонската аукциска куќа „Бонамс“ бидејќи планираат да се преселат.
„Ќе биде прилично тешко да се разделам со толку многу драгоцени делови од мојот живот и кариера, но право време е да продолжам понатаму,“ рече Мајкл (88).
„Се надевам дека овие спомени ќе им дадат на нивните нови сопственици исто толку задоволство како што ни приредија нам.“
Меѓу предметите што се на продажба се два пара препознатливи очила на Кејн и рачен часовник „Ролекс“, кој се очекува да се продаде за 12.000 фунти (22.090 американски долари).
Режисерското столче од филмот Get Carter од 1971 година, во кој Мајкл ја играше главната улога, исто така се очекува да се продаде за повеќе од 1.000 фунти. Mеѓу предметите ќе има и негов портрет, уметнички слики со поценета вредност од 50.000 фунти, како и плакати од негови филмови од 1960-тите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон направи нова фотографија, има добра причина за тоа
Кенсингтонската палата објави нова слика од принцезата Шарлот за да го прослави нејзиниот деветти роденден.
„Среќен 9-ти роденден принцеза Шарлот! Ви благодариме за сите љубезни пораки денес“, пишува во описот покрај фотографијата објавена на социјалните мрежи.
Happy 9th Birthday, Princess Charlotte! 🎂
Thank you for all of the kind messages today.
📸 The Princess of Wales pic.twitter.com/2DSDiuO93c
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) May 2, 2024
Како што е наведено, фотографијата ја направила принцезата од Велс.
Пред нешто повеќе од една недела на социјалните мрежи беше објавена нова фотографија и од нејзиниот помлад брат, принцот Луис.
Фотографијата, исто така направена од принцезата Кејт, беше споделена на 23 април за да го одбележи шестиот роденден на младиот член на кралското семејство.
Најстарото дете на Вилијам и Кејт, принцот Џорџ, ќе наполни 11 години на 22 јули.
Забава
Празнично ретро шоу на автомобили-олдтајмери на Градскиот плоштад во Крива Паланка
Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота (4 мај), ќе биде возбудливо место на празнично Меѓународно ретро шоу на автомобили-олтајмери од Македонија и соседството, кои ќе бидат изложени за јавноста од 11,00 – 13,30 часот.
Љубителите на старите атрактивни автомобили ќе можат да уживаат во овој ретро авто-собир и ревијата на околу 30-тина автомобили, стари и по 40 години, од моделите на Мерцедес, Опел , Шевролет и други.
Ретро шоуто на олдтајмери го организира Општина Крива Паланка, во соработка со Клубот “Олдтајмер Витези” од Куманово, а учесници се повеќе олдтајмер клубови од нашата држава и од Србија.
Старата класа возила од минатиот век ќе тргне од собирното место во Куманово и ќе пристигне во 10,30 часот на паркингот кај ресторан „Облаче“ каде сите автомобили ќе бидат нумерирани и обележани со симболите на „Крива Паланка-Град на културата“. Возилата ќе продефилираат низ централното градско подрачје до Градскиот плоштад каде ќе бидат изложени и поставени нивните обележја.
Настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Буѓо, а сите граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со ретките примероци на олдтајмери, нивната приказна и историја, па дури и да си обезбедат специјално возење со овие стилски антиквитети на четири тркала.
Во 13,30 часот, олтајмерите ќе се упатат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде ќе бидат изложени на паркингот над црквата.
Ретро шоуто на олтајмери за првпат се организира во нашата општина , а е дел од манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.