Македонија
Петков сепак ќе допатува во Скопје на 18 јануари
Бугарскиот премиер Кирил Петков сепак ќе ја посети земјава на 18 јануари, како што претдхоно беше утврдено, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.
„По денешните консултации меѓу двете министерства за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, констатирано е дека одлуките на здравствените власти на Република Бугарија за самоизолација на дел од владиниот кабинет на премиерот Петков нема да ја променат претходно договорената рамка за посетата на високата владина делегација на Скопје. Соодветно, информираме дека терминот 18 јануари останува како утврден датум за реализација на посетата, која се очекува да соодветствува и со изборот на новата влада во земјата“, информираат од МНР.
Претходно, беше објавено дека Петков ја одложува посетата поради контакт со позитивен на коронавирус за време на средбата на Советот за национална безбедност во Софија.
Од прес-центарот на бугарската влада истакнаа дека посетата на Скопје не се откажува, туку дека се одложува, но не е јасно за кога, пренесе БНТ.
Бугарскиот претседател на Собранието, Николај Минчев, вчера добил позитивен ПЦР-тест по состанокот на Советодавниот совет за национална безбедност под покровителство на претседателот Румен Радев, каде што присутвуваше и Петков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.
Македонија
Сали во Брисел: Билатералните прашања не смеат да го кочат европскиот пат на земјата
Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.
За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е важноста билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.
Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit.
Првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.

