Македонија
ЈП „Водовод и канализација“ ја испитува состојбата со канализациската мрежа во градот
Со потпишувањето на грантот од 1 милион евра, обезбедени од фондот на ЕБОР – канцеларијата во Шведска во рамките на програмата за животна средина, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје започна со теренски активности за испитување на влез на вода и инфилтрација (Inflow and Infiltration Study), во канализациската мрежа на градот, во рамките на проектот за изградба на Пречистителна станица за отпадни води –Скопје.
Врз основа на предвидениот работен план испитувањата за студијата ќе се изведуваат со одреден континуитет во период од една година, од страна на консултантите логистички поддржани од професионалнци, вработени во сектор Канализација.
Според одредбите во договорите за заем за проектот за изградба на ПСОВ – Скопје потпишани со ЕБОР, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје има задача да ги имплементира приоритетните наоди од резултатите на студијата (Inflow and Infiltration Study).
Со потпишување на овој договор за грант од ЕБОР, се овозможија услови за изведување на соодветни анализи и студии од големо значење за реализација и изведба на проектот за изградба на ПСОВ – Скопје.
Изведбата на студијата и практичната примена на наодите од истата, директно ќе доведе до подобрување на процесот на одведување на отпадните води во град Скопје, заштита на животната средина и исполнување на еден од условите за функционалноста на ПСОВ – Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

