Македонија
Сончево но студено време во текот на викендот
Времето денеска ќе биде сончево, студено и ветровито, информираат од УХМР.
Претежно во северните делови ќе има мала до умерена облачност. Долж Повардарието ќе дува повремено засилен северозападен до северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Mаксималната температура ќе достигне 9 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
В недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од снег, само некаде на пониските места повремено од дожд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Алиу во Турција во посета на градската болница, каде што беа згрижени шест од повредените лица во Кочани
Министерот за здравство, Азир Алиу во рамки на работната посета на Република Турција, ја посети градската болница „Анкара Билкент“, каде беа згрижени шест лица од повредените во Кочани.
Во рамки на посетата, министерот се сретна со Али Емре Акгун и Мерве Акин, кои го запознаа со целиот тек на лекувањето, од приемот до завршување на нивното лекување.
-Со Република Турција имаме воспоставено одлична соработка во сферата на здравството и токму тие беа меѓу првите кои ни понудија помош за хоспитализирање на повредените лица од пожарот во Кочани. Токму овде во градската болница „Анкара Билкент“ беа хоспитализирани шест пациенти, за кои беше обезбеден врвен третман од страна на медицинските тимови според европски стандарди. Со раководството на болницата ги разгледавме можностите за продлабочување на соработката и натамошна размена на искуства, истакна Алиу во рамки на посетата.
Изрази особена благодарност до раководството и медицинските тимови од болницата за исклучителната посветеност во грижата и третманот на повредените лица од Кочани.
Македонија
Ѓорѓиевски – Улусој: во фокусот унапредување на урбаниот развој, инфраструктурните проекти, соработката со бизнис-заедницата
Во рамки на активностите за унапредување на меѓународната соработка и размена на добри практики со партнерските земји, градоначалникот на Град Скопје, Орце , оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, Фатих Улусој.
„Амбасадорот Улусој го запознав со нашата програма и визија за современо, паметно и урбано Скопје, како и со јасната заложба за забрзан развој на нашиот град. Заеднички ја потенциравме долгогодишната соработка и традиционално добрите односи меѓу нашите две земји. Разговаравме и за тековните активности на Град Скопје, како и за можностите за понатамошно унапредување на партнерството, особено во сферата на урбаниот развој, инфраструктурните проекти, културната размена и соработката со бизнис-заедницата“.
Посебно внимание, нагласи Ѓорѓиевски било посветено на потенцијалните иницијативи кои би донеле конкретни придобивки за граѓаните на Скопје, како и на размена на добри практики во локалното управување.
„Ја нагласив подготвеноста на Град Скопје да продолжи да работи на продлабочување на односите со Република Турција, а амбасадорот Улусој ја истакна континуираната поддршка на Турција за развојните процеси во нашиот град.
На крајот, заеднички го потврдивме потенцијалот за нови иницијативи и активности што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на скопјани и за понатамошно зацврстување на меѓусебната соработка“.
Македонија
Стојаноски: СДС го покажа вистинското лице, ги бранат судиите и обвинителите со два процента доверба, кои самите ги поставија
Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешната 71 седница во Собранието посветена за пратенички прашања, при што првото пратеничко прашање го упати до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Стојаноски посочи дека во изминатиот период, Мицкоски, се соочува со критики и праќање на отворени писма од страна на јавните обвинители и судии кои, како што рече, сметаат дека најважната работа во реформите кон правосудството треба да биде покачувањето на нивните плати.
„Кој е вашиот став како Влада по однос на реформите и добро е да се објасни колку средства од Буџетот се издвојуваат за да овие луѓе коишто ве критикуваат, ви праќаат отворени писма и ете земаат плати, затоа што не сметам дека тоа е некое прашање коешто треба да се игнорира како што тие бараат. И на крајот од денот прашањето е какво покачување сте припремиле вие како Влада да им испорачате на нив, нормално земено низ призма на тоа какви резултати испорачуваат и тие, и колку граѓанството е задоволно од нив?“, праша Стојаноски.
Второто пратеничко прашање, Стојаноски исто така го адресира до претседателот на Владата, и кажа дека во Собранието во моментот е актуелно носењето на Буџетот за 2026 година и дека веќе 11-ти или 12-ти ден дебатираат на Комисијата за финансирање и буџет и истакна дека опозициската СДС има припремено само 3-4 тези кои ги изнесува човекот број 2 во Владата на Заев и Ковачевски, човекот којшто е одговорен за економски политики, зборуваат луѓе, за кои како што рече 7 години една шајка не заковале.
„Дали македонските граѓани и Република Македонија ќе може да се надеваат на завршување или отпочнување на нови капитални проекти за 2026 година, бидејќи стратегијата на СДС е јасна, да се создаде некоја магла во јавноста и да се дебатира на еден начин што направивте вие, што направивме ние. Не сметам дека тоа е соодветен начин за трудот којшто оваа Влада го вложува и за проектите коишто ги испорачува кон граѓаните. Така што, добро е ете да се одговори на една ваква сцена за капиталните проекти коишто според мене се и една движечка сила на македонската економија, но и она коешто е поважно тоа го споменуваат и во економските извештаи и релевантни институции како Европската Комисија“.
Стојаноски, третото пратеничко прашање го упати кон министерот за земјоделие, Цветан Трипуновски, при што истакна дека изминатите денови во Собранието, еден лик сака да се претстави како спасител на македонското земјоделие.
„Јас сметам дека тука еве треба да се одговори на следново прашање, неколку лица се осомничени за примање поткуп меѓукои и директорот на Платежната Агенција, токму тој господин вели дека истрагата треба да се прошири и сметам дека е една лага којашто на никого нема да му донесе добро, а најмногу ќе и одмогне на нашата држава, а тоа е дека Брисел ги стопирал средствата за ИПАРД фондовите и затоа сметам дека треба да се даде можност вие како министер за земјоделие да одговорите на ова прашање.

