Македонија
(Видео) Пешевска: Најодговорните министри за сите криминали повторно се во новата Влада
Предлогот на нова Влада е стара песна со нов глас, само со уште послаб хор. Луѓето кои беа во составот на минатата Влада која требаше да биде реформска, не спроведоа ниту „р“ од реформите и беше проследена со низа скандали за кои ја добија казната на локалните избори, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, на денешната собраниска седница на која се дискутира за нова Влада.
„Каква надеж дава власт која е прогласена за хибриден режим и која ги има сите карактеристики на монархија. Граѓаните велат поголем хаос во институциите досега немало како што имаше во овие 4 години“, рече Пешевска.
Таа додаде дека во оваа Влада се наоѓаат истите ликови чии политики на локалните избори беа поразени.
„За какво владеење на право или антикорупција се зборува кога пред очите на јавноста се случуваа Рекет, Мафија, Ден Дончев, Рашковски, нарачани судски пресуди, пасоши на нарко босови, Луј Витон торби, кинески провизии итн. Но, најодговорните министри за сите овие случаи повторно се во оваа нова Влада“, посочи Пешевска.
Укажа и дека власта ветувала бесплатно здравство по европски терк, а нема ПЦР тестови за граѓаните, нема агенси за мерење на Д-димери, нема спроведено добри протоколи и позитивни шетаат меѓу здрави луѓе.
„Како Влада да имавте проекти колку што имате скандали од првиот ден на власт, вие ќе бевте најуспешна Влада, да не ви беа приоритети личниот интерес и богатењето“, заклучи Пешевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

