Забава
(Видео) Брус Спрингстин е најплатениот музичар во 2021 година
Брус Спрингстин со заработка од 590 милиони долари е прогласен за најплатен музичар во 2021 година, објави магазинот „Ролинг стоун“.
Според истиот извор, Срингстин најмногу заработил со продажбата на мастерите на своите песни и издавачките права во декември минатата година.
Неговиот договор со „Сони мјузик“ е проценет на 550 милиони долари и воедно ја означува најголемата продажба што еден музичар некогаш ја направил за својата дискографија. „Сони“ стана сопственик на 20 албуми на Спрингстин, вклучувајќи ги и класиците како Born to Run, The River и Born in the USA.
Овој договор со Спрингстин е сличен на оние што ги направија Боб Дилан, Блонди и Дејвид Боуви.
Првин беше објавено дека музичарот ветеран добил 500 милиони долари од продажбата, но поранешниот уредник на „Форбс“, Зек О’Мали Гринбург, тврди дека сумата од 550 милиони долари била генерирана со „пребарување јавни документи и интервјуирање поединци со директно познавање на големиот бизнис“.
Повеќето од преостанатите 40 милиони долари заработени од Спрингстин во 2021 година се однесуваат на неговото враќање на Бродвеј минатото лето, каде што имаше 26 настапи и два заеднички проекта со Барак Обама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

