Забава
(Видео) Среќен роденден, Кевин Костнер

На 67. роденден на американскиот актер продуцент и режисер Кевин Мајкл Костнер, познат како Кевин Костнер, медиумите ги посочија неговите топ-изведби во филмови и серии.
Меѓу нив е „Јелоустоун“ (2018). Дива вестерн-драма, каде што едно семејство мора да се бори за да ги спречи нападите врз нивиот ранч.
Костнер во кадар од „Танц со волците“ (1990). Во филмот тој го глуми поручникот Џон Данбар, кој се спријателува со волците и со домородните Американци.
Костнер во кадар од ЏФК (1991), каде што глуми окружен обвинител што открива некои вознемирувачки факти за атентатот на Џон Ф. Кенеди.
Костнер во кадар од Guardian (2006). Акционен авантуристички филм, каде што тој ја игра улогата на тврд офицер на крајбрежната стража.
Кевин Костнер во кадар од „Недопирливите“ (1987). Криминална драма, каде што глуми федерален агент Елиот Нес, кој е решен да спречи гангстер од Чикаго со неговиот мал тим во време кога беснее корупција и криминал.
Тука е и култниот „Телохранител“ (1992) со Витни Хјустон.
И, секако, Revenge или „Одмазда“ (1990), потресна љубовна драма во која глуми со Медлин Стоу и Ентони Квин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Маникирот на Џесика Алба стана опсесија за жените ширум светот

Познатата актерка Џесика Алба ужива во периодот по разводот од Кеш Ворен, но и во новата љубов со актерот Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа.
Сето ова ја направи Џесика повторно главна тема каде и да се појави, а едно од нештата за кои е неоспорна дефинитивно е модата и чувството за стил.
Таа е поактивна на Инстаграм од кога било, а токму таму сподели фотографија која привлече внимание поради нејзиниот модерен маникир.
Популарниот „френч“ никогаш не излегува од мода, а се чини дека оваа година е позастапен од кога било. Ноктите на Џесика имаа облик на бадем и изгледаа повеќе од софистицирано со овој класичен „френч“ дизајн.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Никол Шерцингер во бикини и штикли со коктел во раката балансира на карпа: „Оваа жена е неверојатна“

Познатата пејачка Никол Шерцингер никогаш нема да престане да нè изненадува со својот изглед. Дури и сега кога сакаше да биде во центарот на вниманието за еден предизвик, невозможно е да се замижи и да се игнорира сè друго што го покажа.
Убавата Никол го обожава летото, убавото време и прекрасните бикини, па затоа ова позирање во бел модел дојде во вистинско време по кратката пауза што ја направи на социјалните мрежи.
Во последните денови, бројни ѕвезди се фалеа дека се обиделе да го спроведат предизвикот – стоење на една нога, додека нозете се вкрстени. Местата каде што го направиле тоа беа различни, но Никол избра карпа среде море.
Вртоглаво високи потпетици, бело бикини и чаша коктел во рака беа нејзиниот избор за ова најново „модно издание“ и да, таа користеше и карпа во целата сценографија.
Никол уште еднаш го покажа своето тренирано тело, издржливост и рамнотежа, но и колку е посветена на тренингот, па го преживеа овој предизвик без никакви проблеми, барем така изгледа во видеото.
„Победничка“, „Таа победи, исклучете сè“, „Оваа жена е неверојатна“, „Апсолутна победничка на сè“, „Каква жена, ова не е реално“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин
Забава
Ослабе 14 килограми и призна дека било пеколно: „Сонував храна“

Актерот Орландо Блум, кој неодамна ја раскина свршувачката со пејачката Кеjти Пери, мораше драстично да ослабе за својата нова улога во филмот „The Cut“, а јавно проговори за процесот.
Ѕвездата од „Господарот на прстените“ и „Пиратите од Карибите“ ослабе точно 14 килограми и признава дека самиот е изненаден од она низ што поминал.
Во филмот, тој игра поранешен боксер кој се обидува да се врати во рингот, па затоа е јасно зошто морал да го прилагоди својот изглед на новата улога.
„Она што не го очекував беше психолошкиот данок што го зема оваа дисциплина. Се чувствував параноично и вознемирено, што дополнително беше влошено од недостатокот на сон, а не можете да спиете кога сте гладни“, призна Блум.
Тој не бил сам во овој процес, туку бил под надзор на нутриционист три месеци. Редовно му правеле проверка на крвната слика за да се осигура дека e добро и дека неговото здравје не е во опасност.
Неговата исхрана била строго контролирана, а кон крајот на снимањето морал да го ограничи внесувањето вода за да постигне најниска можна тежина за последните сцени, пишува Индекс.хр.
„Почнав опсесивно да размислувам за храна и да сонувам што ќе јадам кога ќе ја завршам диетата со туна и краставица“, отворено рече актерот.
По завршувањето на снимањето, тој постепено се врати на својот стар начин на живот, полека враќајќи ги вообичаените навики во исхраната и чувството за рамнотежа.
фото: принтскрин