Македонија
Ахмети: Да го прифатиме бугарското малцинство во Уставот, ништо лошо нема да ѝ стане на државата
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денес во Собранието оствари средба со претседателот на Владата на Бугарија, Кирил Петков, со кого разговараа за важноста од спроведување на поконструктивен и рационален пристап за решавање на спорот меѓу двете земји, кој е пред сè важен за европската перспектива на Северна Македонија.
Ахмети ја поздрави посетата на бугарскиот премиер во земјава како чекор кој означува почеток на ново поглавје на соработка, зголемување на билатералната доверба и продлабочување на добрососедските односи како единствена гаранција за развојот и прогресивната иднина на двете земји.
На средбата Ахмети му ја истакнал на премиерот Петков важноста за отворање на преговорите на земјата за членство во Европската Унија до Јуни 2022 година, барајќи конструктивност и максимална посветеност за изнаоѓање прифатливо решение за двете страни.
Бугарскиот премиер Петков зборуваше за позициите на бугарската страна за конечно решавање на билатералниот спор, но и изрази подготвеност за адресирање на сите отворени прашања.
Ахмети ги истакна предностите на Охридскиот договор во однос на правата на заедниците и ја изрази својата поддршка за вклучување на бугарската заедница во Уставот на нашата земја бидејќи со тоа нашите граѓани не губат ништо.
„Двете земји се наоѓаме во еден многу важен процес, имаме извонредна потреба да ги релаксираме односите. Зборувавме многу отворено за теми кои бараат решенија, но и храброст, бидејќи не треба да бидеме водени од емоции, туку потребно е да бидеме рационални“ – истакна Ахмети на прес-конференцијата по средбата.
Во овој шестмесечен период треба да се отворат преговорите за членство на нашата земја во Европската Унија, бидејќи негирањето на перспективата на итегративниот процес ги зголемува аспирациите и активностите на антиевропските струи во нашиот регион и тоа не треба да се дозволи да се случи.
Ахмети и Петков дадоа јасна порака за потребата од продлабочување на соработката не само на политички, туку и на економски план, што ќе овозможи поголема развојна перспектива на двете земји преку подиректна бизнис-комуникација потенцирајќи ја тука важноста од брзата изградба на Коридорот 8 кој ќе ги поврзува трите главни градови: Софија, Скопје и Тирана.
Средбата ја завршија со изразување заеднички оптимизам за унапредување на дијалогот и надминување на разликите меѓу двете земји, што ќе го има како сигурен епилог интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерство за правда: Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет. Законот се проследува на второ читање, информираат од Министерството за правда.
Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон во министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес.
,, Клучни новини кои се предвидени со Законот се:
Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет,
За прв пат прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
Воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност,
Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите,
Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет,
Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите,
Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет, како и
бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ”, рече Филков.
Тој изрази жалење што дел од опозицијата не беше присутна на седницата за носење на, како што оценува, исклучително важен закон кој е дел од Реформската агенда.
Македонија
Утре, во утринските часови наместа со појава на магла, во текот на денот сончево со умерена облачност
Утре во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ
Милионските криминали во Државна лотарија кои што ги направија Прпарим Бајрами и Артан Груби, а беа одобрени од СДС денес излегуваат на виделина, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Овие криминали што денес извештајот на Државниот завод за ревизија ги утврди, како што појаснуваат, се случувале токму во времето на СДС и ДУИ.
„Бегалецот Прпарим Бајрами партнерот во криминал на бегалецот Артан Груби ја злоупотребил службената положба во износ од близу 2 милиони евра, пари на граѓаните, се додека СДС и Филипче молчеа и им го овозможуваа овој криминал.
На сите ни е јасно за каков криминален круг станува збор и зошто Бајрами и Груби се во бегство и зошто толку ги заштитуваше судството и обвинителството бирано од Зајас и Муртино“.
Според ВМРО-ДПМНЕ сега кога веќе Коцевски не е државен јавен обвинител и нема кој да ги заштити, СДС во страв и паника, додаваат од партијата на власт, отвораат теми како мигранти, шират лажни вести, хистерија и паника меѓу граѓаните.
„Воедно го повикуваме т.н “антикорупцискиот тим“ на СДС да го истражи и овој коруптивен случај, наместо да молчи пред фактите“.

