Свет
Борел, Столтенберг, Блинкен и Рау зборуваат за руските сили на украинската граница
Министерот за надворешни работи на ЕУ телефонски разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау, кој претседава со ОБСЕ, за ситуацијата во Украина и предлозите на Москва, како и за безбедноста на ЕУ.
„Се разговараше за распоредувањето на руските сили по должината на границата со Украина, како и за тековните билатерални и меѓународни дипломатски напори во врска со обидите на Москва да ги редефинира безбедносните аранжмани во Европа“, се вели во соопштението.
Во соопштението се нагласува дека е уште еднаш потврдена потребата од одржување на основните принципи на „постојната архитектура на европската безбедност во рамките на ОБСЕ“, пренесува ТАСС.
Се додава дека телефонските разговори биле остварени по консултации со сите партнери и пред следната рунда преговори меѓу САД и Русија.
Претставникот на Кремљ, Дмитриј Песков, во неколку наврати повтори дека обвинувањата оти Русија подготвува инвазија на Украина се празни и неосновани, потсетува ТАСС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уривање на дел од автопат во Кина: Најмалку 24 лица загинаа, 30 се повредени
Најмалку 24 лица загинаа, а 30 се повредени при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јавија кинеските медиуми.
„Осумнаесет автомобили паднаа по падината откако се урна дел од автопатот долг 17,9 метри околу 2 часот по полноќ“, се вели во соопштението на властите во градот Мејџоу во провинцијата Гуангдонг, пренесува АП.
Според американската агенција, околу 11:45 часот по локално време под урнатините биле пронајдени 18 автомобили.
Свет
Блинкен им порача на Израел и Хамас дека е време за прекин на огнот
Државниот секретар на Соединетите Држави (САД) Ентони Блинкен се состана со израелските лидери на 1 мај, за време на посетата на Израел, а во таа прилика му порача на претседателот на земјата дека „е дојдено времето“ за договор за прекин на огнот во војната во Газа.
Ова е седма посета на Блинкен од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас – палестинска група прогласена за терористичка организација од страна на САД и Европската Унија уште од октомври.
Блинкен се обидува да постигне договор кој би ги ослободил заложниците кои ги држат милитантите на Хамас во замена за прекин на борбите. Како дел од договорот се очекува да бидат ослободени и палестинските затвореници.
Свет
Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.
Тој сака да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.