Свет
(Видео) Еколошка катастрофа во Перу – по ерупцијата во Тонга, дошло до силно излевање нафта
Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало еколошка катастрофа. Имено, од рафинеријата „Ла Пампила“ протекоа повеќе од 6.000 барели нафта поради брановите што ја погодија по ерупцијата на вулканот во Тонга.
Властите ги затворија трите најпогодени плажи и рекоа дека виделе многу мртви животни покриени со нафта во областа. Претставници на Министерството за надворешни работи го повикаа Репсол да плати компензација.
„Ова е најлошата еколошка катастрофа што се случи околу Лима во последно време и сериозно оштети стотици семејства на рибари. Репсол мора веднаш да ја надомести штетата“, напиша Министерството на „Твитер“, пренесе Би-би-си.
Портпаролката на компанијата, Тине ван ден Вол Бејк, ја негира одговорноста велејќи дека излевањето се случило во ограничена област.
„Ние не ја предизвикавме оваа еколошка катастрофа и не можеме да кажеме кој е одговорен“, рече Ван ден Вол Бејк во средата.
Обвинителите почнаа истрага за улогата на Репсол во инцидентот, а Министерството за животна средина предупреди дека компанијата може да плати глоба од повеќе од 34,5 милиони долари.
Перуанскиот енергетски регулатор „Осинергмин“, пак, соопшти дека наредил затворање на еден од четирите терминали на рафинеријата додека не се утврдат причините за излевањето.
Официјални лица велат дека истекувањето оштетило околу 18.000 квадратни километри заштитени подрачја населени со ретки растителни и животински видови. Се чистат околу три километри плажи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

