Македонија
Грковска – Брнс: Продолжува американската поддршка за стратешките реформи во земјата
Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска ја прими американскаста амбасадорка Кејт Мари Брнс, придружувана од Ерик Јановски, претставник на Канцеларијата на УСАИД (Агенција на САД за меѓународен развој) во Северна Македонија, како и Слаѓана Србиноска, менаџер специјалист во американската Агенција.
Амбасадорката Брнс на вицепремиерката Грковска ѝ го честитала стапувањето на новата должност потенцирајќи ја отвореноста на САД за соработка и продолжување на спроведувањето на реформите и системските мерки, кои се од огромна важност во квалитетната борба против корупцијата.
Грковска ја изразила својата подготвеност за продолжување на досегашните, како што рекла, успешно спроведени стратешки цели и приоритети за зацврстување на доброто владеење во државата, со фокус на владеењето на правото, редот, антикорупцијата и безбедноста.
„Беше констатирано дека досегашните резултати во овие области се солидна основа за остварување на веќе планираната надградба на планот за борба против корупцијата темелена на четири столба: дигитализација, независно и ефикасно правосудство, професионализација на институциите и превентивни мерки“, се наведува во соопштението за средбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.
Македонија
Сали во Брисел: Билатералните прашања не смеат да го кочат европскиот пат на земјата
Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.
За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е важноста билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.
Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit.
Првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.

