Македонија
На трибината требаше да се појави Мицкоски и да каже што разговарал со Кирил Петков, велат од СДСМ
Наместо лажни конструкции и рециклирани обвининувањa, јавноста денеска очекуваше дека на трибината на ВМРО-ДПМНЕ ќе се појавеше Христијан Мицкоски и ќе одговори на прашањата за кои молчи со денови, реагира СДСМ по дискусијата што денеска се одржа во просториите на опозициската партија, а беше насловена: Заштита на националните и државни интереси, наместо пазар дипломатија.
„Дали Мицкоски на бугарскиот премиер Кирил Петков му ги постави прашањата кои ги нарачуваше од медиумите? Што кријат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од средбата со Петков? За што се зборувале на таа средба? Граѓаните видоа и претходно на средба на Мицкоски со Бојко Борисов дека тој ги менува ставовите кога се среќава со официјални претставници.Дали така било и на средбата со Петков, треба да каже самиот Мицкоски“, велат од СДСМ.
Во соопштението што недлава ВМРО-ДПМНЕ го испрати до медиумите, а се однесуваше на средбата на Мицкоски и Петков беше наведено дека двајцата лидери зборувале за актуелните состојби, градењето на доверба и заедничката соработка во полето на инвестициите, образованието, науката. „Мицкоски се задржа на истите позиции кои се и претходно јавно познати“, беше наведено во кусото соопштение за средбата со Петков, без образложение за кои позиции станува збор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Соње, од продавнивницата кон село Чифлик, општина Сопиште.
Македонија
Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, извести АМСМ.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Продор на постуден воздух, температурите ќе бидат во опаѓање
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

