Македонија
(Видео) Ковачевски и Петков со порака да се охрабри соработката во високото образование
Премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Кирил Петков како дел од програмата на официјалната посета на македонската Влада го посетија државниот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија.
„Највисоки претставници на Универзитетот ‘Св. Климент Охридски’ и на Економскиот факултет ги запознаа гостите со заедничката програма на Универзитетот ‘Харвард’ од САД со софискиот државен универзитет, за магистерските студии на Економскиот факултет, на која гостин професор е и премиерот Петков“, се наведува во соопштението.
За време на посетата на Универзитетот, премиерите Ковачевски и Петков оствариле куса средба и со ректорот Анастас Герџиков, на која, меѓу другото, станало збор и за заедничкиот интерес на двете влади да ги охрабрат комуникацијата и соработката меѓу државните универзитети во Северна Македонија и Бугарија.
По ова, претседателите на владите го посетиле и македонскиот Културно-информативен центар во главниот град на Бугарија за официјално да го означат почетокот на работата на дописништвото на македонската новинска агенција МИА.
„Притоа Ковачевски истакна дека нема подобра мотивација во работата кога резултатите стигаат брзо како во овој случај кога откако пред недела дена Бугарската новинска агенција (БТА) отвори дописништво во Скопје, денес во Софија МИА отвора свое дописништво“, стои во владиното соопштение.
„Ние сме пријателски народи и наша должност е да градиме пријателства, и заради сегашните и заради идните генерации, а медиумите и новинарите имаат суштински важна улога за остварување на тие заложби“, рекол премиерот на отворањето на дописништвото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

