Македонија
Сончево и студено време со мала до умерена локална облачност

Денеска времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен, а по должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне од -3 до 6 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне до 1 степен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Заслужуваме одговори“: семејствата на жртвите од пожарот во Кочани утре на протетстен марш во главниот град

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за утре, 29 април, најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје.
„Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат. Свесни ли се, за и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со „фати, па пушти“, без да има јасно образложение за таа законска процедура, и што се создава во нашите мисли кои се на работ на себеуништување“, се истакнува во писменото известување од семејствата.
Во повикот е нагласено дека тие и понатаму ќе бараат одговори за насилната смрт на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на Македонија.
Маршот, според најавите, ќе започне пред Oбвинителството во Скопје во 12 часот и 5 минути, како симболика за задоцнетата реакција на институциите, а ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.
Македонија
1.570 сообраќајни прекршоци минатиот викенд, 758 за брзо возење

Изминатиов викенд полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, постапувајќи во делот на контролите на сообраќајот на патиштата низ земјава вкупно издадоа 1570 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци повеќето по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, извести МВР.
Притоа, заради непрописно паркирање издадени биле 216 платни налози, за возење со брзина поголема од дозволената 758 санкции, а пак по основ на непоседување возачка дозвола 141 лице било отстрането од сообраќајот.
Исто така, евидентирани се 62 прекршоци за неносење сигурносен појас, изречени се 31 санкција за возачите на мотоцикл за управување без заштитна кацига, 27 мерки се изречени за користење на мобилен телефон при возење, а осум санкции за возачи кои минале на црвено светло, додека пак 61 возач е отстранет од сообраќај заради недозволено количество алкохол во крвта.
По основ пак на Законот за возила во посочениот период од сообраќај се исклучени 39 возила од кои 11 поради техничка неисправност, а 28 заради тоа што биле нерегистрирани, соопшти МВР и додава дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт против две лица, кои како соизвршители се товарат дека сториле едно кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 1 и уште едно кривично дело убиство во обид предвиден со член 19 од Кривичниот законик.
Во текот на истрагата обезбедени се докази, кои потврдуваат дека на 1.11.2024 година во Арачиново двајцата браќа на возраст од 23 и 31 година со умисла и на подмолен начин лишиле од живот едно лице и се обиделе да лишат од живот уште едно. Со двајцата оштетени, татко и син, обвинетите се договориле да се најдат и да разговараат за наводен долг од 7.000 евра. Со автомобил пристигнале на договорената локација, но по краток разговор, едниот од обвинетите извадил огнено оружје пиштол и почнал да пука кон жртвите. Од нанесените огнострелни повреди оштетениот татко починал, а синот добил тешки телесни поврeди.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети бидејќи сè уште постојат законските основи за најстрога мерка за обезбедување.