Свет
Кинескиот министер за надворешни работи: За да се реши украинското прашање, мора да се вратиме на договорите од Минск

За да се решат проблемите во Украина, неопходно е сите да ги почитуваат договорите од Минск, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, за време на телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пренесува „РИА новости“.
„За да се реши украинското прашање, мора да се вратиме на договорите од Минск, тоа е почетната точка“, рече Ванг Ји.
Ванг Ји посочи дека договорите од Минск, што ги одобри Советот за безбедност на ОН, се фундаментален политички документ што го признаваат сите страни и дека мора да се спроведуваат во пракса. Кина ќе ги поддржи сите напори што се во согласност со духот на овие договори, рече тој.
Русија постојано ги отфрла обвинувањата на Западот и Украина за агресивни дејства велејќи дека никому не му се заканува и нема намера никого да нападне и дека обвинувањата за агресија се користат како изговор за распоредување војници на НАТО на границите на Русија.
Во исто време, Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводните агресивни акции на Русија во близина на границите на Украина. Кремљ објави дека Русија преместува војници на своја територија и по сопствена дискреција, што не претставува закана за никого.
Како што претходно изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, Русија не бара никакви изговори за конфликтот во Украина. Според него, Русија не исклучува дека хистеријата за Украина, која ја подгрева Западот, има цел да ја прикрие саботажата на договорите од Минск од страна на Киев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Виткоф: Обновата на Газа ќе чини околу 50 милијарди долари

Специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, рече дека верува оти трошоците за обнова и реконструкција на Појасот Газа ќе бидат околу 50 милијарди долари (42,87 милијарди евра).
„Проценките се околу 50 милијарди долари“, изјави специјалниот пратеник на САД за Си-би-ес Њуз. „Може да биде малку помалку; може да биде малку повеќе. Јас лично не мислам дека тоа се многу пари за регионот“.
ОН проценува дека се потребни околу 70 милијарди долари (60 милијарди евра) за обнова на Газа по две години војна.
Постојат ветувачки рани знаци за потенцијални донатори за обнова од арапските држави, европските земји и САД, соопшти Програмата за развој на ОН.
САД беа убедливо најголемиот снабдувач на оружје за Израел за време на војната, помагајќи да се поттикнат интензивните напади низ Појасот Газа, но некои европски земји, вклучително и Германија, исто така одобрија значителен извоз на воена опрема за Израел.
Свет
Зеленски: Подготвен сум да им се придружам на Трамп и Путин во Будимпешта

Украинскиот претседател вели дека е подготвен да присуствува на средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, доколку биде поканет.
Трамп и Путин се согласија да се сретнат по втор пат во унгарската престолнина за да најдат решение за војната во Украина.
Зеленски го посети Вашингтон во петокот, каде што не успеа да го убеди американскиот претседател да испорача ракети со долг дострел „Томахавк“ во Киев.
„Ако бидам поканет во Будимпешта, без разлика дали станува збор за покана во форма на средба со тројцата или пак претседателот Трамп да се сретне со Путин, па потоа со мене, тогаш, во една или друга форма, ќе постигнеме договор“, изјави Зеленски на прес-конференција.
Сепак, украинскиот претседател верува дека Будимпешта не е „најдоброто место за оваа средба“.
Блискиот сојузник на Доналд Трамп во рамките на Европската Унија, унгарскиот премиер Виктор Орбан одржува помирувачки тон кон Путин и покрај неговата инвазија на Украина, додека беше многу критичен кон Зеленски.
Според Зеленски, условите на Русија за мир останале непроменети, вклучително и повлекувањето на украинските сили од целиот регион Донбас, индустриски регион во источна Украина што Москва сака да го анектира.
Тој рече дека им објаснил на своите американски колеги за време на посетата на Вашингтон дека „ставот на Украина не се променил“, што значи дека ги отфрла условите на Русија.
„Нема да им ја предадеме победата на Русите“, рече тој.
фото: принтскрин
Регион
(Фото) Тело на новороденче пронајдено во Нови Сад, мајката веднаш уапсена

Утрово, во Нови Сад,е пронајдено безживотно тело на новороденче, а кратко потоа е уапсена жена за која се сомнева дека е мајката на детето, пренесува Нова.рс.
Жената е затекната само на 50 метри од местото каде што е пронајдено телото, во влез од зграда, по што полицијата веднаш ја привела.
Полицијата го блокирала просторот каде што е пронајдено детето. Во тек е истрага за утврдување на сите околности на овој трагичен случај.
Повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.
фото: принтскрин