Македонија
Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 5.446 теста, а регистрирани се 1.861 нов случај на Ковид-19: Скопје – 908, Битола – 115, Кавадарци – 100, Куманово – 88, Тетово – 75, Прилеп – 69, Велес – 54, Струмица – 50, Гостивар – 45, Охрид – 41, Штип – 37, Гевгелија – 34, Неготино – 32, Свети Николе – 23, Кичево – 22, Струга и Ресен – по 20, Радовиш – 18, Кочани и Крива Паланка – по 16, Валандово – 15, Делчево – 11, Богданци – 9, Виница, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево – по 5, Берово, Дебар и Македонски Брод – по 4, Пробиштип и Демир Хисар – по 3, Кратово и Крушево – по 2, Дојран – 1.
Од вкупниот број позитивни (1.861), регистрирани се 242 реинфекции, од кои една е втора реинфекција.
Регистрирани сe 7.273 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 4.208, Битола – 582, Прилеп – 317, Охрид – 302, Струмица – 176, Куманово – 170, Тетово – 143, Кавадарци – 136, Струга – 107, Гевгелија – 105, Велес – 92, Крушево – 84, Гостивар – 82, Кичево – 72, Валандово – 71, Штип – 67, Ресен – 66, Неготино – 59, Делчево – 58, Кочани – 57, Радовиш – 54, Крива Паланка – 41, Берово – 34, Кратово – 31, Свети Николе – 25, Демир Хисар – 24, Богданци – 23, Македонски Брод – 17, Виница – 16, Македонска Каменица – 15, Пробиштип – 12, Пехчево – 9, Демир Капија – 8, Дојран – 7, Дебар – 3.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 22 починати лица: 9 од Скопје (68, 73, 77, 81, 82, 84, 84, 86 и 87), по 3 од Кавадарци (69, 78 и 88) и Битола (66, 67 и 73) и по едно починато лице од Демир Капија (73), Куманово (86), Неготино (87), Прилеп (22), Струга (76), Струмица (73) и од Тетово (58). Од пријавените лица, 21 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 5 починати лица од: Охрид (2), Скопје (1), Прилеп (1) и од Гевгелија (1) на возраст од 39 до 90 години. Пријавените се починати во периодот од 17.1.2022 до 25.1.2022. Од пријавените лица, три се починати во болнички услови, а две во домашни услови.
Од вкупниот број починати лица (n=27), шест се целосно вакцинирани, а кај 24 се регистрирани коморбидитети.
Направени се 5.446 теста преку: ИЈЗ – 451, ЦЈЗ Скопје – 84, ЦЈЗ Битола – 89, ЦЈЗ Прилеп – 55, ЦЈЗ Тетово – 16, ЦЈЗ Куманово – 100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 16, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 176, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 169, „Авицена“ – 196, „Биотек“ – 273, „Систина“ – 109, лабораторија „Лаор“ – 109, „Синлаб“ – 42, „Ремедика“ – 20, „Плодност“ – 83, „Генеа“ – 25, „Никоб лаб“ – 690, „ВФВ медикал“ – 73, „Ели медика“ – 74, „Ројал медика“ – 18, „Спектра-ММ“ – 24, „Рапид лаб“ – 38, „Жан Митрев Струмица“ – 12, „Нова лаб дијагностика“ – 25, „Рамус“ – 46, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 2.433.
Досега во земјата се направени вкупно 1.767.491 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 263.206, бројот на оздравени пациенти е 238.452, на починати е 8.312, а бројот на активни случаи изнесува 16.442.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 119.472, Активни 8.507
Куманово 14.578, Активни 680
Прилеп 12.586, Активни 538
Битола 12.490, Активни 1224
Тетово 12.232, Активни 476
Кавадарци 8.711, Активни 671
Гостивар 8.675, Активни 312
Велес 8.329, Активни 421
Охрид 7.833, Активни 370
Штип 7.438, Активни 299
Струмица 7.078, Активни 355
Кичево 4.869, Активни 259
Кочани 4.561, Активни 218
Струга 4.324, Активни 177
Гевгелија 3.668, Активни 368
Неготино 3.077, Активни 231
Свети Николе 2.395, Активни 124
Ресен 2.312, Активни 208
Радовиш 2.190, Активни 160
Крива Паланка 2.168, Активни 84
Делчево 1.734, Активни 130
Берово 1.630, Активни 73
Дебар 1.496, Активни 18
Валандово 1.329, Активни 118
Виница 1.274, Активни 47
Пробиштип 1.243, Активни 31
Кратово 870, Активни 30
Богданци 843, Активни 79
Крушево 814, Активни 48
Демир Хисар 761, Активни 54
Македонски Брод 625, Активни 29
Македонска Каменица 492, Активни 36
Демир Капија 483, Активни 26
Пехчево 418, Активни 30
Дојран 208, Активни 11
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Мицкоски побегна од резолуцијата, дури во Брисел
Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел, обвинија од СДСМ.
„Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ. Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари. Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски. Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи“, велат од опозицијата.
Македонија
Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени, резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја гарантира безбедноста во државата
Во изминатиот период бевме сведоци на тоа како СДС сака да внесе несигурност и вознемиреност во јавноста преку ширење на лажни информации, свесни манипулации и дезинформации, кои беа интензивно и гласно пласирани во јавниот простор, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Венко Филипче, продолжуваат по стапките на нивниот ментор Зоран Заев. Секојдневно, гледаме иста реторика, исти методи и исти манипулативни наративи. Ова СДС не го прави случајно, туку е свесна стратегија, поради тоа што нема што ново да понуди. Ваквата кампања на опозициската СДС, која инаку повеќе се одликува со квантитет директно го нарушува мирот на граѓаните, а е и во спротивност со Кривичниот законик, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, како и со Законот за спречување и заштита од дискриминација“, рече тој.
Токму затоа, додава Стојаноски, преку Резолуцијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието, јасно се отфрлуваат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики на поранешната влада предводена од Зоран Заев поврзани со кампови за мигранти.
„Јасно ја потврдуваме определбата за принципиелна, одговорна и предвидлива надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси и почитување на меѓународното право. Со оваа Резолуција се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија кои СДС се обиде да ги наметне во јавниот дискурс, а се поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови. За секое следно ширење на паника, лажни вести и манипулација на народот, кривично ќе се одговара“, рече тој.
Македонија
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка
Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за негово разрешување е политичка одлука.
Тој предмалку ја соопшти одлуката на прес-конференција во Обвинителството. Коцевски рече дека си заминува од функцијата гордо и со крената глава.
„Функцијата што ја вршев нешто помалку од две години ја извршував чесно и достоинствено, заминувам со гордо крената глава, но и со разочараност поради непочитување на принципите врз кои почива правната држава. Доказ за тоа е дека дури денес во 10 часот, на само еден час пред закажаниот почеток, ми беше доставена покана од Собранието да присуствувам на седницата за која ќе се раправа за мое разрешување. Предлогот за мое разрешување не ми е доставен и немам на што да се произнесам“, рече Коцевски.
Тој вели дека е јасно оти предлогот за негово разрешување не е заснован ниту на закон ниту на факти, туку претставува преседан со далекосежни последици врз независноста на Јавното обвинителство.
„Овој предлог како основи за разрешување содржи само три реда, а ниту еден од нив нема образложение или аргументирана поткрепа. Законот е јасен: државниот јавен обвинител може да биде разрешен само доколку се утврди дека сторил тешка дисциплинска повреда. Тоа е така не заради заштита на Љупчо Коцевски или на кој било друг што ќе дојде на оваа функција, туку заради заштита на самостојноста на јавното обвинителство и начелото на поделба на власта. Принципи кои денеска се длабоко нарушени, бидејќи со ниту една постапка не е утврдено дека сум сторил ниту лесна, ниту тешка дисциплинска повреда, а тоа го потврди и Советот на јавните обвинители кој даде негативно мислење по предлогот на Владата, како уставно и законски надлежен орган задолжен да ја штити независноста на јавното обвинителство. Оттука, самата постапка за мое разрешување е правно неиздржана“, вели Коцевски.
Според него, предлогот за негово разрешување е дојден затоа што јавно и отворено зборувал за проблемите во обвинителството.
„Јас знам зошто денес стојам тука пред вас. Тоа не е заради мое непрофесионално работење. Тоа не е заради недостаток на резултати. Туку затоа што, како државен јавен обвинител, отворено и јавно зборував за проблемите и за недостигот на ресурси, затоа што не се мешав во законското право на јавните обвинители на самостојно и независно одлучување. Убеден сум дека стојам тука пред вас и затоа што се зафатив со еден навистина значаен и тежок процес – прочистување на редовите на обвинителството. Јас сум првиот државен јавен обвинител кој, по донесувањето на Законот за јавно обвинителство во 2021 година, изврши контрола на работењето на вишите јавни обвинителства и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, рече Коцевски.

