Контакт

Забава

Вупи Голдберг наиде на остри критики по изјвата за холокаустот

Објавено пред

Вупи Голдберг се соочува со бурни реакции откога во своето ток-шоу „Поглед“ (The View) на Еј-би-си изјави дека холокаустот не е поврзан со раса.

dobivaj vesti na viber

Дискусијата во понеделникот беше поттикната од забраната од страна на училиштен одбор во Тенеси за графички роман за нацистички логори на смртта во текот на Втората светска војна. Училишниот одбор смета дека книгата е несоодветна за 13-годишници.

Познатата актерка и ТВ-водителка во емисијата изјави дека во нацистичкиот геноцид врз Евреите биле вклучени две групи бели луѓе.

„Сметам дека не станува збор за раса, туку за човечка нехуманост кон други луѓе“, рече таа.

Критичарите на ваквиот став на Голдберг истакнаа дека самиот Хитлер ја изразил својата омраза кон Евреите во расна смисла.

Таа се извини – но во конфузниот и очајнички обид да ги разјасни своите коментари на крајот мораше повторно да каже: извинете.

„Во денешната емисија реков дека холокаустот не е за раса, туку за нечовечност на човек кон човек. Требаше да кажам дека тоа важи и за двете. Еврејскиот народ во светот отсекогаш ја имал мојата поддршка и никогаш нема да ја изгуби. Жалам за навредата, за болката што им ја нанесов“, напиша Голдберг на „Твитер“.

Медиумите потсетуваат дека нацистите, кои сeбеси се сметаа за ариевска господарска раса, убија шест милиони Евреи во холокаустот.

Забава

Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Објавено пред

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.

dobivaj vesti na viber

Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.

За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.

Прикажи повеќе...

Забава

Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Објавено пред

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.

dobivaj vesti na viber

На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.

Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.

„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.

Прикажи повеќе...

Забава

Девет години мир, среќа и пари за нив – сосема заслужено

Објавено пред

Универзумот има планови кои не се случуваат секој ден. Три хороскопски знаци влегуваат во период од дури 9 години изобилство, среќа и внатрешен мир.

dobivaj vesti na viber

Ако сте родени под еден од овие три хороскопски знаци, подгответе се секој аспект од вашиот живот – од љубов и финансии до личен развој – да процвета на неочекувани начини.

Според астролошките прогнози, до 2034 година, овие хороскопски знаци можат да очекуваат девет години среќа и просперитет.

Стрелец – истражување и личен раст
Стрелците ќе имаат можност да постигнат лични цели и да истражуваат нови области во следните девет години. Нивната иницијатива и оптимизам ќе придонесат за личен развој, како во нивниот професионален, така и во приватниот живот.

Бик – стабилност и награда за труд
Биковите, благодарение на нивната издржливост и стабилност, ќе прават постепен напредок кон остварување на своите соништа. Се предвидува дека ќе имаат значителен професионален и финансиски раст, со заслужена награда за нивната напорна работа.

Вага – Внатрешен мир и креативност
Вагата ќе постигне внатрешен мир во сите аспекти од животот во текот на следните девет години. Нивните социјални вештини ќе им помогнат да изградат силни врски, што ќе им овозможи да го реализираат својот креативен потенцијал, особено во уметноста и дизајнот.

Како да го искористите овој период на среќа
– Следете ја вашата интуиција и отворено прифатете ги можностите што се појавуваат.

– Фокусирајте се на личен развој и подобрување на вашите вештини.

– Негувајте квалитетни врски во љубовта, семејството и пријателството.

– Мудро управувајте со вашите финансии и планирајте идни проекти.

Ова е период што не треба да се пропушти – ако сте Стрелец, Бик или Вага, предодредени сте да живеете во изобилство и внатрешен мир до 2034 година!

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк. Клучна...

Свет1 час

Таткото на убиецот на Кирк имал клучна улога за апсењето, го препознал синот и пријавил

Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека осомничениот е 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој разговарал со членовите на семејството на вечера...

Топ5 часа

Комбето со работници паднало од мостот во реката: ОЈО изврши увид по тешката несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од...

Македонија5 часа

ДУИ: Со амин на Бујаре Абази од „Вреди“, српска банка навлегува во сржта на финансискиот систем на Македонија

Демократската унија за интеграција изразува, како што велат, длабока загриженост во врска со потврдата на планот за навлегување на српскиот...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да одговори...

Македонија6 часа

„Вардариште“ е обезбедено, останува „Дрисла“, проблемот ќе биде саниран за една недела, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјавата за промоција на изборната коалиција за претстојните локални избори на новинарско прашање во...

Топ6 часа

Тројца загинати и двајца повредени: тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Три лица загинаа а двајца се повредени, меѓу нив возачот на возилото кое денеска излета од патот Штип-Радовиш. Според МВР...

Македонија9 часа

Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната, вели Ангелов

Чадењето од депонијата Дрисла е се уште присутно, но во многу помал обем и не е причина за маглата, вели...

Европа11 часа

(Видео) Огромен украински напад врз Русија: Москва е исто така цел, испратени десетици дронови

Масовен напад со беспилотни летала беше извршен ноќва во неколку региони во Русија, насочени кон Москва и Санкт Петербург, објавија...

Свет11 часа

(Видео) Венс ја држеше раката на ковчегот на Кирк додека војниците го качуваа во авионот

Ковчегот со телото на Чарли Кирк пристигна во неговата матична држава Аризона со „Air Force Two“. Уша, сопругата на американскиот...

Свет11 часа

Болсонаро осуден на 27 години затвор

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е осуден на 27 години и три месеци затвор за заговор за воен удар за...

Свет11 часа

Трамп: Вдовицата на Кирк е скршена, напаѓачот е левичарски лудак и животно

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите на јужниот тревник на Белата куќа пред да полета за Њујорк. Фокусот на...

Свет11 часа

(Видео) Објавена првата снимка од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Објавено е првото видео од осомничениот за убиството на најистакнатиот американски десничарски активист Чарли Кирк, јавува Си-ен-ен. Видеото, објавено од...

Регион19 часа

Трагедија во Црна Гора: девојка од Србија се удави во близина на Тиват

Попладнево во морето кај Луштица, Црна Гора, нуркачи и членови на Пловечката единица безуспешно се обидуваа да го пронајдат и...

Европа20 часа

Франција и Германија се мобилизираат; Макрон: Му дадов ветување на Туск

Франција денес соопшти дека одлучила да мобилизира три борбени авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и источна Европа...

Свет24 часа

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк. „Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од...

Свет1 ден

ФБИ: Ја пронајдовме пушката со која беше затрелан Кирк, имаме и снимки и отпечатоци

Оружјето за кое се верува дека е употребено во вчерашното пукање врз Чарли Кирк е пронајдено, но осомничениот е сè...

Македонија1 ден

Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“

Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната 7-ма седница, предложи до Владата, а...

Македонија1 ден

Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“

Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна...

Македонија1 ден

Воздухот мириса, но ве уверувам дека не е штетен на ниво што предизвикува здравствени проблеми, вели Алиу

Иако депонијата „Дрисла“ трет ден го полни Скопје со смрдеа на изгорена пластика и гума, министерот за здравство, Азир Алиу,...