Црна хроника
Татко и син од Гостивар обвинети дека претепале човек поради расправија за паркинг-место

Гостиварското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 34-годишен гостиварец и неговиот 64-годишен татко, кои се товарат за кривично дело насилство.
Како што се наведува во соопштението, грубото насилство го извршиле на 1 октомври минатата година кога повредиле едно лице и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.
„Оштетениот на критичниот ден пристигнал со автомобил пред сопствената куќа и сакал да се паркира, но паркинг-местото било зафатено. Тој почнал да свири за да се тргне паркираното возило, но во тој момент излегол првиот обвинет и почнал вербална расправија на висок тон. Веднаш потоа обвинетиот физички го нападнал оштетениот удирајќи го во пределот на главата и лицето. Пристигнал и вториот обвинет и го фатил оштетениот за двете раце по што првиот обвинет продолжил да го удира“, објаснуваат од Обвинителството.
Оштетениот oд ударите добил нагмечување на главата и на левата рака, како и крвни подливи на лицето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во своите дворови

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.А.(42) и Б.А.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.
Во периодот од 2020 до 2025 година, пријавените набавувале семки од растението канабис и во дворовите од нивните кјуќи во с.Огњанци, скопско, одгледувале стебла, кои ги береле, сушеле, а потоа ги пакувале во зипер ќеси и ги продавале на уживатели на подрачјето на град Скопје по цена од 500 денари за една зипер ќеса.
На 06.09.2025, со судска наредба, полициски службеници извршија претреси во домовите на пријавените. Притоа, во домот и дворот на Б.А.(42) се пронајдени и одземени марихуана и осум стебла од растениетѕо канабис. Додека, во домот и дворот на Б.А.(40) се пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, дробилка и четири стебла од растението канабис.
Црна хроника
Го удрил кран: работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци

Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Загина 30-годишен работник во фабрика во Делчево

Вчера околу 11:00 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во фабрика во Делчево, при извршување работни задачи, вработениот В.Р.(30) од Делчево паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди.
Од здобиените повреди, на пат кон Клиничка болница Штип, тој починал во возилото на Итна медицинска помош.
Увид извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.