Македонија
Уапсен битолчанецот што им се закануваше на Јовески и Рускоска

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против С. З. (56) од Битола за сторено кривично дело загрозување на сигурноста предвидено и казниво според член 144 став 3 од Кривичниот законик.
Имено, на 11 декември 2021 година, пријавениот С. З., преку редовна пошта од АД „Пошта на Северна Македонија“ – подружница ЦРПС Прилеп, испратил писмо со заканувачка содржина до една амбасада во Скопје, а на 20 и 22 декември 2021 година, С.З., преку редовна пошта од АД „Пошта на Северна Македонија“ – подружница ЦРПС Прилеп, испратил писма со сериозни закани за животот на јавната обвинителка од ОЈО за ГОКК, Вилма Рускоска.
Исто така, на 17 јануари 2022 година преку редовна пошта од АД „Пошта на Северна Македонија“ – подружница ЦРПС Битола, пријавениот испратил писмо со сериозни закани за животот на Љубомир Јовески, јавен обвинител на Република Северна Македонија.
Како испраќач на сите писма пријавениот навел лица со навистинити генералии.
Веднаш по добиените пријави, полициски службеници од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал и СВР Битола, во соработка со Агенцијата за национална безбедност, презедоа мерки и активности за расчистување на случајот.
Врз основа на издадени наредби за претрес во дом и други простории од ОС Битола, на 21.1.2022 извршени се претреси на две локации на подрачјето на Битола, и тоа во домот на С. З. и во домот на мајка му Љ.З..
При извршените претреси пронајдени се и одземени мобилен телефон, лаптоп и предмети поврзани со кривичното дело.
С. З. е лишен од слобода и во ПС ОН Битола е извршен разговор со него, а по извршено графолошко вештачење од страна на ОКТИВ, утврдено е совпаѓање на обезбедениот рачен ракопис од С. З. и рачниот ракопис во напишаните заканувачки писма.
С. З. е приведен и со кривичната пријава ќе му биде предаден на надлежното обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Три лица го загубија животот. Според првичните информации кои ги добив, станува збор за огромна неприлагодена брзина од страна на еден на учесниците во сообраќајот, кој за жал, е починат. Бројот на сообраќајни жртви во оваа година во првото тромесечје е сличен како и бројот на жртви лани. Со тоа што можам да кажам дека бројките се катастрофални во споредба со европските стандарди“, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тој упати апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, дозволената брзина, бидејќи експертите тврат дека и кога се управува возило, а тоа е над 70 км/час, а има челни удари како вчера, можноста за преживување е нула.
Македонија
На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва. На Табановце кон Србија за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, а на граничните премини Дојран и Богородица кон Грција времето на чекање е до 15 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Според утринските информации на АМСМ, сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен.
Македонија
Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица

Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени.
Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена е наредба за испитување на евентуално присуство на алхокол или други супстанции кај повредените.
– По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, информираат од Јавното обвинителство.