Македонија
(Видео) Коциќ: Кршењето на ковид-протоколите од страна на Мицкоски е неодговорно и опасно за јавното здравје

Здравствениот систем, сите надлежни институции, веќе трета година посветено се борат против пандемијата на коронавирусот. Во сила сѐ уште се протоколи и мерки за заштита од ширење на коронавирусот. Но, додека медицинскиот персонал е истоштен од долгата и напорна борба против вирусот, Христијан Мицкоски продолжува со своето неодговорно однесување, изјави на денешната прес конференција Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.
Тој додава дека додека ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за здравјето и бара наставата да се одвива онлајн, целата јавност го виде Мицкоски како во тесна просторија полна со луѓе ги крши протоколите за заштита од коронавирусот.
Од почетокот на пандемијата, па до денес, Мицкоски постојано ги крши мерките, а тоа го прават и други високи функционери на неговата ВМРО-ДПМНЕ.
Да се постапува спротивно на мерките за заштита не само што е неодговорно туку е и опасно за јавното здравје. Секој од нас, а особено политичарите, има обврска со сопствен пример да покаже одговорност во време на вакви тешки пандемии. Сите ние треба да ги почитуваме ковид-протоколите, а оние што не се вакцинирани тоа да го сторат што побргу. Само така ќе ставиме крај на оваа пандемија, само така животот ќе се врати во нормала, изјави Коциќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва. На Табановце кон Србија за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, а на граничните премини Дојран и Богородица кон Грција времето на чекање е до 15 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Според утринските информации на АМСМ, сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен.
Македонија
Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица

Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени.
Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена е наредба за испитување на евентуално присуство на алхокол или други супстанции кај повредените.
– По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, информираат од Јавното обвинителство.
Македонија
Со протестен марш на семејствата, ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова е трет протестен марш што го одржуваат семејствата на настраданите по последниот одржан на 12 април.
Протестниот марш ќе започне од Градскиот парк во Кочани и ќе продолжи кон Општината и Министерството за внатрешни работи.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март загинаа 62 лица од кои тројца за време на лекувањето во странство, а 193 беа повредени. Дел од загинатите и повредените беа и членовите на бендот „ДНК“ кој настапуваше таа вечер. Со истрагата се опфатени над 60 физички и три правни лица.