Свет
Захарова ја исмеа британската министерка за надворешни работи
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, уште еднаш го исмеа нивото на образование на британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, велејќи дека треба да работи на географија.
Захарова на својот канал на „Телеграм“ и на „Фејсбук“ напиша дека „пред некој ден британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, се оддалечи од темата ‘монголска и татарска инвазија на Украина’ и се концентрира на ‘руската агресија’ против оваа земја.
Захарова го цитира британскиот министер, кој во интервју за Би-би-си зборуваше за „зауздување на Русија“.
„Овде во ОК, имаме намера да донесеме нови закони за да можеме да погодиме цели – оние што се клучни за континуираното постоење на рускиот режим. Ние исто така продолжуваме да ги снабдуваме и обезбедуваме дополнителната поддршка на нашите балтички сојузници во целиот свет преку Црното Море, а исто така им доставуваме на Украинците одбранбено оружје, цитира Захарова.
Портпаролката одговорила: „Госпоѓо Трас, вашето познавање на историјата не е ништо во споредба со вашето знаење за географија. За да се заштити Балтикот, неопходно е да се оди не преку Црното Море, туку преку Балтикот. Балтичките земји се така наречени затоа што се наоѓаат токму на брегот на ова море“, истакна Захарова.
Според неа, „НАТО е на Балтикот (г-ѓа Трас, за секој случај: Британија е во НАТО, а Балтикот не е само компанија за производство на пиво), покрај трите балтички членки, тука се и Полска, Германија и Данска“.
Захарова истакна дека „страшно е да се замисли шефот на британското Министерство за надворешни работи да се префрли од тенк на носач на авиони за да го спаси Балтикот од Црното Море.
Како што изјави таа, „британската дипломатија секогаш има резерва на патот до Балтичкото Море од Црното Море преку Арктичкиот Океан. Сѐ повеќе се поставува прашањето: каде студирала г-ѓа Трас и како ја извршувала својата функција на неколку министерски позиции со такво образование?“, напиша портпаролката на руското Министерство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лекот за третман на рак веќе почна да се користи во болниците во Русија
Рускиот лек „Ракурс 223Ра“ за третман на рак веќе се појави во болниците, објави денес Руската федерална медицинска и биолошка агенција.
Како што е наведено, лекот веќе е регистриран и одобрен за употреба во клиничката онкологија, а првата серија е доставена до медицинските установи, пренесува РИА Новости.
Лекот е развиен во Димитровград и е базиран на радионуклидот радиум-223, кој првенствено се користи за контрола на коскените метастази.
Се вели дека неговото зрачење влијае на метастазите со намалување на болката кај пациентите, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) Најмалку 28 загинати откако кран се урна врз воз во Тајланд
Најмалку 28 лица загинаа, а 64 се повредени откако градежен кран се урна врз воз во движење во североисточен Тајланд. Во возот имало околу 195 патници во моментот на несреќата, која се случила околу 9 часот наутро по локално време во среда, јавува Би-би-си.
Кранот го исфрлил возот од шините и здробил неколку вагони, од кои еден се запалил. Спасувачите успеале да ги евакуираат патниците, а повредените биле однесени во регионалните болници. Меѓу 64-те повредени има едногодишно дете и 85-годишен маж, а осум се во сериозна состојба.
Владата нареди истрага за инцидентот, најновиот во низата смртоносни несреќи што се припишуваат на безбедносни пропусти. Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул повика „некој да биде казнет и да биде повикан на одговорност“ за несреќата.
„Несреќи како оваа можат да се случат само поради небрежност, прескокнати чекори, отстапувања во дизајнот или употреба на неисправни материјали“, рече Анутин.
Свет
Поранешен израелски командант: Режимот во Иран ќе падне, наскоро ќе видиме голем американски напад
Пензионираниот бригаден генерал на израелската армија и претседател на Израелскиот форум за одбрана и безбедност (ISDF), Амир Авиви, процени дека режимот во Иран ќе падне и дека САД наскоро ќе интервенираат, пишува денес израелскиот весник „Џерусалем пост“.
„Денес можам да кажам нешто што не можевме да го кажеме пред еден месец: овој режим паѓа. Нема да има ирански режим и ова целосно ќе ја промени иднината на Израел“, рече Авиви на конференцијата доцна синоќа.
Авиви додаде дека очекува голем американски напад врз Иран.
„И навистина, мислам дека во многу блиска иднина ќе видиме масовен американски напад, со помош на Израел и демонстрантите. Мислам дека овој режим нема шанси и ќе падне“, рече претседателот на ISDF, невладина организација која собира десетици илјади резервни офицери и оперативци од сите гранки на израелските безбедносни сили.

