Свет
Претседателот на Си-ен-ен поднесе оставка по признавањето дека бил во врска со колешка
Претседателот на американската медиумска куќа Си-ен-ен, Џеф Закер, поднесе оставка по признавањето дека е во врска со колешка. Закер работел за оваа позната телевизиска мрежа 9 години, пишува АП.
Тој како причина наведе дека не сакал да открие кога почнал љубовна врска со своја најблиска соработничка, што било побарано од него во рамки на истрагата за Крис Куомо, братот на поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, кој работел во Си-ен-ен.
„Потврдив дека врската траеше во претходните години. Ме прашаа да откријам кога започна врската, но јас не го направив тоа. Погрешив. Поради тоа, сега поднесувам оставка“, истакна Закер.
Тој во изјавата не го наведе името на колешката, но медиумите пишуваат дека станува збор за шефицата за маркетинг во медиумската куќа, која ќе остане да работи во Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Не можам повеќе ни да плачам од толку многу тага“ – над 6.000 луѓе во Романија евакуирани поради поплавите
Повеќе од 6.000 луѓе од 28 населени места се евакуирани, повеќето од округот Галаци, поради неповолните временски услови, објави Генералниот инспекторат за вонредни состојби (ИГСУ), истакнувајќи дека се потребни интервенции на 116 места во 29 окрузи поради последиците од обилните дождови и ветер.
Еден по еден, жителите на населбите од областа Галаци, жандармеријата ги носеше во спортска сала, отккао невремето го уништи нивниот имот.
„Не можам повеќе ни да плачам од толку тага. Поплави господине! Нè уништија поплави. Трет пат. Два и пол метри вода. Сè е уништено”, рекла една старица.
„Седиме тука за да не не’ фати пак дождот, и повеќе не размислуваме дека водата ќе дојде и ќе не однесе. Седиме тука. Тоа е тоа! Што да правиме? Водата беше до покривот од куќата немам телефон да ви покажам слики, за да можете да видите“, рече еден жител.
Со солзи во очите, дури и далеку од опасност, луѓето цела ноќ не можеа да ги затворат очите. Како што велат, повторно го преживуваат ужасот што ги снашол.
„Сè во куќата е уништено, ѕидовите испукани, до висина на мојата глава. Го молам Бога да не дојде вечерва водата, за да се вратам дома“.
„Се надевавме дека водата нема повторно да дојде, но две недели подоцна, ете ја повторно. Ги напуштивме животните, оние кои преживеаја минатиот пат, оние кои успеавме да ги спасиме. Не сме завршиле со чистење на калта, ништо не сме завршиле“, рекоа мештаните.
Од паднатите дрвја оштетени се 14 возила и два објекти. Спасени се 11 лица кои беа блокирани на шумскиот пат во Ковасна. Поморскиот и речниот сообраќај е прекинат.
Свет
(Видео) Прво обраќање на Хезболах по убиството на нивниот лидер: „Подготвени сме за израелска копнена инвазија“
Заменик-шефот на Хезболах, Наим Касем на почетокот на обраќањето рече дека групата изгубила брат и водач кога Израел го убил Хасан Насрала.
Тој изрази сочувство до семејствата на сите загинати во истиот напад.
“He was loved by the people”
Hezbollah deputy chief Sheikh Naim Qassem offers condolences to Ayatollah Khamenei over the martyrdom of Sayyed Hassan Nasrallah, also mentioning the characteristics of the martyred Hezbollah leader. pic.twitter.com/AF8SC7JB15
— Press TV 🔻 (@PressTV) September 30, 2024
„Тој беше сакан од народот“, рече заменик-шефот на Хезболах.
Касем вели дека израелските сили убиваат и масакрираат цивили. „САД се партнер на Израел, преку неограничена воена поддршка – културно, политички, финансиски“, рече тој.
„Ние сме сосема подготвени доколку Израелците сакаат копнена инвазија, силите на отпорот се подготвени за тоа. Се подготвивме и сме подготвени. Непријателот на Израел нема да ги постигне своите цели“, рече тој.
Ова е прв ваков говор откако лидерот Хасан Насрала беше убиен во израелски напад, пренесува АФП.
Свет
САД со одлука: 567 милиони за Тајван
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, одобри 567 милиони долари за одбрана на кинескиот регион Тајван, соопшти денеска Белата куќа.
Во соопштението се наведува дека Бајден му делегирал на американскиот државен секретар да повлече до 567 милиони долари од Министерството за одбрана на САД за оружје, услуги, воено образование и обука за да му даде помош на Тајван“.
Ова е најновата одлука на американската администрација донесена со цел зајакнување на армијата на островот во услови на растечки тензии со Кина, пренесува „Ројтерс“.
Агенцијата наведува дека САД се најважниот меѓународен сојузник и снабдувач на оружје на Тајпеј, пренесуваат светските медиуми.