Македонија
Продолжуваме да го надградуваме постигнатото во односите со Северна Македонија, рече бугарската министерка за надворешни работи
Бугарското Министерството за надворешни работи строго ќе ги почитува Декларацијата на Народното собрание и Договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Ќе го земеме предвид и мислењето од последниот состанок на Советодавниот совет за национална безбедност и нема да отстапиме од рамковната позиција.
Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска, пренесе БГНЕС.
Прашана како го коментира ставот на претседателот Румен Радев дека посетата на премиерот Кирил Петков во Северна Македонија била избрзана, Генчовска рече: „Тоа е мислење на претседателот. Не можам да го коментирам“.
Министерката посочи дека владата ги рестартирала односите со Скопје.
„Продолжуваме да го надградуваме она што е постигнато досега. Има континуитет од страна на МНР. Го надградуваме постигнатото, има позитивизам. Во директен контакт сме со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тимот од МНР е во директен контакт на стручно ниво“, рече министерката Генчовска.
Таа најави дека претстои стручен состанок на 10 и 11 февруари, на кој ќе присуствуваат претставници од македонското Министерство за надворешни работи.
„Никако не отстапуваме од досегашните рамковни позиции, Декларациите на Народното собрание и пред се’ почитувањето на Договорот за пријателство и добрососедство“, рече министерката Генчовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

