Македонија
Вкупно 29 починати и 1.045 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 4.695 тестови, а регистрирани се 1.045 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 557, Куманово – 57, Битола – 53, Тетово – 47, Велес – 41, Охрид – 39, Прилеп – 35, Гостивар – 33, Кавадарци и Струмица по 32, Кочани – 19, Штип – 17, Гевгелија – 14, Неготино – 12, Струга и Свети Николе по 11, Кичево – 8, Ресен – 6, Кратово – 4, Делчево и Богданци по 3, Радовиш и Валандово по 2 и по еден заразен од Дебар, Виница, Пробиштип, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија.
Од вкупниот број на позитивни (1.045), регистрирани се 132 реинфекции.
Во текот на изминатото деноноќие, регистрирани се 25 починати лица, од кои 11 од Скопје (67, 74, 74, 76, 77, 77, 77, 77, 80, 83 и 85 години), 3 починати лица од Прилеп (71, 78 и 86 години), по 2 починати лица од Тетово (57 и 76 години) и Штип (65 и 79 години) и по едно починато лице од Кратово (81), Крушево (82), Неготино (85), Охрид (86), Ресен (64), Куманово (76) и Струга (69). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително пријавени се четири смртни случаи во периодот од 23 јануари до 2 февруари. Од пријавените починати, двајца се од Скопје и по еден од Свети Николе и Струмица, на возраст од 64 до 82 години. Од нив, еден е починат во болнички и 3 лица во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (29), 6 лица биле целосно вакцинирани, а кај 26 биле регистрирани коморбидитети.
Во последните 24 часа регистрирани сe и 2.418 оздравени пациенти од: Скопје – 1.456, Битола – 288, Прилеп – 130, Куманово – 84, Ресен – 61, Кавадарци и Кичево по 54, Велес – 35, Штип – 24, Тетово – 23, Гевгелија – 22, Неготино – 20, Радовиш – 14, Охрид и Струмица по 13, Гостивар, Кочани, Струга, Свети Николе и Крива Паланка по 12, Демир Хисар – 10, Македонски Брод и Берово по 9, Крушево и Пехчево по 6, Дебар – 5, Виница и Дојран по 4, Делчево, Богданци и Пробиштип по 3, Кратово и Валандово по 2 и еден оздравен од Демир Капија.
Направените 4.695 тестови се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-101, ЦЈЗ Прилеп-56, ЦЈЗ Тетово–2, ЦЈЗ Куманово-87, Институт за микробиологија–150, Жан Митрев (Филип Втори)-99, Авицена-140, Биотек-171, Систина-61, лабораторија Лаор-194, Синлаб-11, Ремедика-11, Плодност-32, Генеа-12, Никоб Лаб-362, ВФВ Медикал-75, Ели Медика-16, Ројал Медика–22, Спектра-ММ-22, Рапид Лаб–27, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.536.
Досега во земјата се направени вкупно 1.818.882 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 278.182, бројот на оздравени пациенти е 257.280, на починати е 8.578, а бројот на активни случаи изнесува 12.324.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 127291, Активни 6484
Куманово 15304, Активни 528
Битола 13317, Активни 783
Прилеп 13021, Активни 426
Тетово 12761, Активни 450
Кавадарци 9401, Активни 518
Гостивар 9007, Активни 268
Велес 8750, Активни 335
Охрид 8172, Активни 303
Штип 7659, Активни 159
Струмица 7490, Активни 320
Кичево 5079, Активни 183
Кочани 4768, Активни 162
Струга 4479, Активни 126
Гевгелија 3931, Активни 195
Неготино 3338, Активни 190
Свети Николе 2516, Активни 95
Ресен 2445, Активни 114
Радовиш 2359, Активни 122
Крива Паланка 2258, Активни 69
Делчево 1826, Активни 72
Берово 1657, Активни 13
Дебар 1529, Активни 28
Валандово 1429, Активни 89
Виница 1317, Активни 32
Пробиштип 1265, Активни 16
Богданци 936, Активни 78
Кратово 899, Активни 29
Крушево 830, Активни 17
Демир Хисар 791, Активни 29
Македонски Брод 659, Активни 34
Македонска Каменица 515, Активни 21
Демир Капија 507, Активни 20
Пехчево 439, Активни 10
Дојран 237, Активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дожд и облаци утре, постудено на почетокот на следната седмица
Времето утре ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени, најавува УХМР.
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.
Македонија
Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска
Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави интерпелација за членката на Антикорупциската комисија (ДКСК), Цвета Ристовска. Интерпелацијата, како што велат од Левица, доаѓа по скандалите коишто деновиве ги изнесе на виделина партијата, но и низата скандали коишто ја пратат Ристовска веќе месеци наназад.
„Не знаеме кој по ред скандал е ова со членката на ДКСК, Цвета Ристовска“, рече Крмов и образложи дека во анкетниот лист што Ристовска го поднела во 2024 година при стапување на функција, не биле пријавени две фирми на нејзините деца, Буcт ДООЕЛ и Буcт Медиа ДООЕЛ. Според Крмов токму овие фирми за време на претседателската изборна кампања добиле околу 2,2 милиони денари од ВМРО-ДПМНЕ.
„Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, ја бранеше Ристовска дека наводно законот не ја обврзува бидејќи не живеела со децата“, рече Крмов и посочи дека ваквото објаснување е контрадикторно, бидејќи во анкетниот лист бил пријавен друг имот на нејзините синови, но не и фирмите што создава сомнеж дека токму тие биле свесно изоставени.
„Значи, или Ристовска не го познава законот или, децата фактички со неа. Таа е обврзана, но свесно ја испуштила таа фирма затоа што имаме директно конфликт на интереси, каде најголемата политичка партија, којашто е моментално на власт, фактички добила тендер за изборите“, кажа пратеникот.
Крмов потсети дека има и редица други примери во кои не се реагира или се заташкуваат на случаи на функционери на ВМРО – ДПМНЕ. Меѓу нив посочи на случајот со директорот на СОЗР, Ивица Томовски, поврзан со фирмата „Сити Аутсорсинг“, а претходно „Сити Логистик“, основана од таткото на Томовски, која добила државни тендери во вредност од околу 5,3 милиони евра, а случајот, како што рече, е заташкан. Исто така, потсети и на случајот со директорот на АНБ, Бојан Христовски и сомнежите за неговата фалсификувана диплома и непоседување на невалиден ТОЕФЛ сертификат.
„Убаво го паметиме случајот за директорот на АНБ, Бојан Христовски, каде што излезе дека Ристовска била предавач на истиот факултет, на истиот приватен универзитет каде што тој наводно заврши, бидејќи имаше анонимна пријава дека му е фалсификувана. Прво беше дека не била предавач, па после била предавач, па после од истиот универзитет нејзината слика беше отстранувана, па потоа сликата беше враќана, па предметот за Христовски падна кај неа. Некако интересно е како предметите на високи функционери, блиски до ВМРО – ДПМНЕ, секогаш завршуваат баш кај Цвета Ристовска“, истакна Крмов.
Од Левица најавуваат дека интерпелација е веќе подготвена и ќе биде поднесена во наредните денови, со цел да се отвори институционална одговорност за работата на членката на Антикорупциската комисија и да се спречи натамошна партизација и селективна правда.
Македонија
Василевска и Вајц во Скопје: Дијалог за реформите и европската перспектива на земјата
Копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ и ЕУ, Иванка Василевска се сретна со известителот на Европскиот парламент за нашата држава, Томас Вајц, кој престојува во работна посета на Скопје.
На средбата беа разменети мислења за актуелните политички состојби и динамиката на спроведување на реформската агенда, во контекст на европската интеграција. Во текот на разговорите беше даден осврт на клучните реформски приоритети, како и можностите за дополнително унапредување на реформските процеси во наредниот период.
Известителот на Европскиот парламент информираше за тековните и претстојните активности во рамки на подготовката на извештајот за земјата, вклучително и фазите на собирање информации, како и постапката за разгледување и усвојување на извештајот во надлежните тела на Европскиот парламент.
На средбата беше истакната важноста од одржување на континуиран дијалог и соработка со европските институции имајќи ја предвид европската перспектива на земјата.

