Економија
Американско-иранските разговори би можеле да го запрат растот на цената на нафтата
Новите сигнали дека преговорите меѓу американските и иранските власти за заживување на договорот за ограничување на развојот на нуклеарно оружје во Иран привршуваат би можеле да ја запрат цената на нафтата, која во петокот достигна највисоки неколку години, велат трговците.
Доколку САД ги укинат санкциите кон Иран, тоа ќе придонесе за зголемени залихи и поголема понуда на нафта на глобалниот пазар.
Соединетите Држави во петокот ја обновија својата одлука за ублажување на санкциите дозволувајќи меѓународната нуклеарна соработка со Иран да продолжи на проекти дизајнирани да ја спречат употребата на иранското оружје за развој на нуклеарно оружје.
Висок функционер на Стејт департментот во петокот рече дека ублажувањето на санкциите треба да овозможи технички разговори за заживување на нуклеарниот договор, но тоа не значи дека САД се на работ да постигнат договор за негово обновување.
Говорејќи под услов да остане анонимен, европски функционер рече дека главните претставници на двете страни во разговорите – кои се индиректни бидејќи Иран досега одбиваше да седне со американските дипломати – најверојатно ќе се сретнат во вторник во Виена.
Од друга страна, иранскиот министер за надворешни работи во саботата оцени дека потегот на САД за ублажување на санкциите кон Техеран не е доволен и дека Вашингтон треба да даде гаранции за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година склучен со големите западни сили.
Израелскиот премиер Нафтали Бенет вчера изјави дека разговарал со Бајден за модалитетите за запирање на иранската нуклеарна програма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

