Македонија
„Еурактив”: Берлинскиот ѕид допрва треба да падне за Скопје
Бугарија нема интерес да ја обиколи Северна Македонија со нов Берлински ѕид, вели во изјава за „Еурактив” бугарскиот професор и експерт за политички комуникации, Иво Инџов.
„Бугарија не може да си дозволи да го блокира својот западен сосед долго време бидејќи тоа ќе генерира нов бран на антибугаризам во македонското општество“, рече тој.
Според, Инџов бугарскиот премиер Кирил Петков е во право дека со интензивирањето на економската соработка, може да се создаде атмосфера на доверба меѓу двете држави.
Историчарот доц. проф. Стефан Дечев смета дека надворешната политика треба да ја води Владата во Софија. Тој се согласува со премиерот дека Бугарија доцни со својот активен пристап кон Северна Македонија.
„Единствениот проблем што го гледам е тоа што владата не ги користи медиумите на најдобар начин за да ја објасни својата политика“, рече тој за „Еуроактив“.
Во текстот се зборува и за средбата на македонскиот претседател Стево Пендаровски со претставници на „ОМО Илинден” – организавија којашто во Бугарија беше прогласена за неуставна. Бугарскиот претседател Румен Радев ги нарече нивните претставници сепаратисти со претензии кон малцинство. Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) не гледа закана за националната безбедност на Бугарија од страна на „ОМО Илинден” и инсистираше таа да биде регистрирана, потсетувајќи на основната вредност на ЕУ – правото на слободно самоопределување.
„Еуроактив“ во текстот наведува и дека додека Радев се спротивстави на средбата, премиерот Петков ја игнорираше темата „ОМО Илинден”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Утре сончево време со температура до 15 степени
Утре во утринските часови ќе има појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла.
Македонија
(Фото) Колони возила чекаат влез во Македонија преку „Дојран“, „Богородица“ е затворен
Колони возила чекаат на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Ники“ (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
Според најновата информација од АМСМ, сообраќајот на ГП „Богородица“ (ГП Евзони) од 15 часот е нормализиран во двата правци.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.

