Забава
Поткастот на Џо Роган останува на „Спотифај“

Главниот извршен директор и коосновач на „Спотифај“, Даниел Ек, иако остро ги осудува расните навреди и другите коментари на Џо Роган во неговиот поткаст, одлучил да не го отстранува од платформата.
Изјавата на Ек беше дадена во писмо испратено до персоналот, а до кое дојдоа „Ројтерс“ и „Холивуд репортер“.
Ова следи по извинувањето на Роган изминатиов викенд за употребата на расистички јазик во неговиот популарен поткаст.
Во писмото, Ек го известува персоналот дека Роган ќе избрише неколку од минатите епизоди.
„Иако јас силно го осудувам она што го кажа Џо… Сакам да нагласам и да разјаснам едно нешто – не верувам дека замолчувањето на Џо е одговорот“, вели првиот човек на стриминг -платформата за музика во писмото.
Тој верува дека „Спотифај“ треба да има јасни граници околу содржината што се објавува.
„Треба да имаме јасни линии околу содржината и да преземеме акција кога тие се преминати, но откажување на гласови е лизгава патека“, стои во писото на Ек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Удобен и освежително модерен: најпопуларниот фустан ова лето

Заборавете на тесните кроеви, проѕирните маички и фармерките со низок струк – летото 2025 година носи моден тренд кој е истовремено носталгичен, поетски и изненадувачки освежителен.
Во светот на модата, каде што границата помеѓу удобното и модерно релевантното е заматена секој ден, едно парче заслужува посебно внимание: ноќницата. И не, не е шега – овој навидум скромен памучен фустан стана најпосакуваната летна облека.
Инспирирани од фустаните што би очекувале да ги најдеме во винтиџ фиоки исполнети со лаванда и чипка, ноќницата од следната генерација сега доживува свој голем моден момент. Брендови како „Миу Миу“ и „Клое“ ја претставија на модните писти, а нејзините најлојални обожаватели денес се трендсетерки како Алекса Чунг, уредничка на британскиот „Вог“ и инфлуенсерка на Инстаграм.
Ноќница-фустан, (nightgown dress – како што сакаат да ја нарекуваат во меѓународните модни кругови) е лесна, мека облека, обично изработена од памук, поплин или лесен сатен. Се карактеризира со опуштени кроеви, пристојна чипка, карнери, вез и понекогаш дискретни ремени.
Го евоцира духот на минатите времиња, но во современите комбинации воопшто не изгледа старомодно – всушност, делува освежително модерно.
Додека до неодамна беше резервиран за домашна атмосфера или за ентузијасти, денес овој фустан сјае под сонцето како совршен избор за дневни прошетки, кафе на тераса и вечерни собири. Успешниот стил бара рамнотежа помеѓу романтиката и модерноста.
Модните стилисти препорачуваат комбинирање на овие фустани со цврсти чевли – како што се дебели сандали, кожни влечки или дури и мокасини. Дополнително, впечатливите чанти и накитот во слоеви ќе ви овозможат да не изгледате како штотуку да сте станале од кревет, туку да плените со изглед како да сте од моден едиторијал.
Подемот на овој тренд не доаѓа случајно. Во време исполнето со неизвесност, уморни ретроспективи и силуети кои бараат компромис со удобноста, фустанот-ноќница нуди модно бегство кое носи и физичка и емоционална удобност.
Потсетува на детството, едноставноста, тишината и смирувачките текстури.
Забава
Фотографите ги забележаа „незгодните“ моменти: познатата убавица покажа премногу

Моделот Бела Хадид (28), помладата сестра на Џиџи Хадид, која неодамна го прослави својот 30-ти роденден со момчето Бредли Купер, се прошета низ Њујорк во едно од своите најпровокативни изданија, уште еднаш покажувајќи зошто многумина ја нарекуваат една од најубавите жени на светот.
За лежерна прошетка низ Њујорк, таа носеше искинати фармерки, тесен и целосно транспарентен кафеав топ, кафеави високи потпетици и кожна бомбер јакна.
Таа беше во исклучително добро расположение додека фотографите се обидуваа да го забележат „незгодниот“ момент.
Иако важи за една од најубавите жени, Бела Хадид често е критикувана за нејзината „премногу слаба фигура“, како што беше случајот неодамна во Париз, кога загрижените обожаватели коментираа дека е „како кожа и коски“.
Забава
(Фото) Половина Холивуд ја мрази, но сепак ги привлече сите погледи на црвениот тепих

Холивудската актерка Блејк Лајвли често е во центарот на вниманието за бројни други настани кои немаат никаква врска со модата, но овој пат нè потсети како изгледа кога сака да биде главен лик на црвениот тепих.
Блејк избра бел фустан со корсет, кој изгледаше како да има дупки по целата површина, но тоа беше само илузија.
Долниот дел од фустанот е направен од тил и има набори на колковите, создавајќи совршена женствена фигура. Блејк додаде впечатливи обетки, а долгата коса ја остави едноставно пуштена.
Покрај неа позираше и Рајан Рејнолдс, кој за оваа пригода избра сиво одело во комбинација со бела кошула.
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс важат за еден од најомилените холивудски парови, и иако актерката неодамна беше во центарот на вниманието поради помали скандали, нивната популарност не опадна.