Забава
Дензел Вашингтон го продолжува рекордот за најмногу номиниран афроамерикански актер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/DenzelWashington_GettyImages-1154319629.jpg)
Тој е афроамерикански актер со најголем број номинации за „Оскар“.
Но, Дензел Вашингтон се погрижи да ја задржи круната што е можно подолго.
67-годишниот актер од А-листата беше номиниран во категоријата Актер во главна улога, негова десетта номинација за престижниот трофеј, како што беше објавено во вторникот.
Дензел ја заслужи оваа чест за насловната улога во историската драма „Трагедијата на Магбет“ (The Tragedy оf Macbeth).
Црно-белиот филм на Џоел Коен (режија и сценарио) е заснован на драмата на Вилијам Шекспир за шкотски лорд кого три вештерки го убедуваат дека ќе стане следниот крал на Шкотска, а неговата амбициозна сопруга го поддржува во неговите планови за преземање на власта.
Дензел има добиено два „Оскари“ од деветте пати што бил номиниран. Првиот е во категоријата Најдобар актер во споредна улога за Glory во1990 година.
Дванаесет години подоцна, тој ја освои статуетката во категоријата Најдобар актер во главна улога за Training Day.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Забава
Кралско селфи: Тејлор Свифт објави фотографија со принцот Вилијам и неговите деца
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/tejlor-svift-EPA.jpg)
Присуствувајќи на настапот на Тејлор Свифт на стадионот Вембли, идниот крал бил забележан како танцува на „Shake It Off“ додека го прославувал својот 42-ри роденден, објави „Скај њуз“.
Лидерот на лабуристите, Кир Стармер, исто така присуствуваше на отворањето на турнејата на американската поп ѕвезда Тејлор Свифт Ерас во Лондон.
Тејлор Свифт објави фотографија со Вилијам и неговите деца Џорџ и Шарлот.
Сопругата на Вилијам, принцезата Кејт, во март објави дека боледува од рак и ги откажа сите ангажмани до крајот на годината.
Happy Bday M8! London shows are off to a splendid start 🇬🇧🇺🇸🤝 @KensingtonRoyal pic.twitter.com/VlD6V0PiEL
— Taylor Swift (@taylorswift13) June 22, 2024
Забава
Џеј Ло со жешко селфи сама на одмор во Италија – се’ повеќе се зборува дека се разведува од Бен Афлек
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/jl.jpg)
Латино пејачката Џенифер Лопез неодамна беше фотографирана на луксузна јахта во Италија.
Нејзините жешки селфи фотографии се појавија на мрежите, а од сопругот немаше ни трага ни глас.
Џенифер одлучила да ужива во привлечноста на брегот Амалфи без да биде придружувана од нејзиниот сопруг Бен Афлек, а како што пренесува британскиот таблоид „Дејли мејл“, отсуството на актерот уште повеќе ги подгреало гласините дека славната двојка е пред развод.
Литино дивата носеше едноделен костим за капење, а нејзината активност го привлече вниманието на локалните фотографи.
Jennifer Lopez taking selfies in Italy solo getaway pic.twitter.com/2NbnuEI9iW
— Reign🇵🇭🎵🎧 (@reign_422) June 22, 2024
Извесно време се зборува дека Џеј Ло и актерот Бен Афлек се разведуваат. Неколку извори зборуваа за странските медиуми за нивниот брачен статус, но парот никогаш јавно не ги објави овие тврдења.
„Готово е, тие се разведуваат и овој пат Бен не треба да се обвинува за тоа“, изјавил извор за „In Touch“.
Покрај тоа, поп пејачката неодамна ја откажа светската турнеја, што беше доволна причина корисниците на социјалните мрежи да продолжат да шпекулираат за пропаѓање на бракот.
„Скршена сум, срцето ми се кине“, изјави тогаш латино дивата.
Забава
Мајстори за поставување граници: хороскопски знаци кои немаат проблем да кажат „не“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/biznis-zenska.jpg)
Во светoт полн со предизвици и социјални притисоци, некои луѓе едноставно знаат да постават граници и да кажат „не“ без никакво двоумење.
Ако можеби сте се запрашале зошто е тоа така, астрологијата ги има одговорите. Луѓето родени под овие хороскопски знаци лесно можат да кажат „не“.
Овен
Овенот е познат по својата решителност и импулсивност. Кога Овните чувствуваат дека нешто не е во нивен најдобар интерес, не се двоумат да кажат „не“. Нивната искреност и директност често доаѓаат до израз во ситуации каде што треба да пресечат.
Девица
Девиците се познати по својата аналитичка природа. Кога нешто не им одговара, брзо ќе го забележат тоа и јасно ќе кажат „не“. Тие го ценат редот и организацијата, па веднаш ја отфрлаат секоја ситуација која го загрозува нивниот мир и стабилност. Нивната способност да разликуваат што е важно, а што не, ги прави господари на поставувањето на границите.
Шкорпија
Шкорпиите се мистериозни и интуитивни, но и исклучително заштитнички настроени кон себе и кон своите најблиски. Ако почувствуваат дека некој се обидува да ги искористи или манипулира, нема да имаат проблем да кажат „не“. Шкорпиите ја ценат лојалноста и автентичноста, а нивната непоколеблива волја им овозможува да застанат на свои нозе и да отфрлат се што не им се допаѓа.