Македонија
Џафери упати телеграма со сочувство поради смртта на Едуард Кукан
Со неверување и длабока жалост ја примив веста за смртта на почитуваниот поранешен европратеник Едуард Кукан, напиша претседателот на Собранието, Талат Џафери, во телеграмата со сочувство.
„Во оваа пригода, во име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и во свое лично име, упатувам најдлабоко сочувство до неговото семејство, колегите во Европскиот парламент и до најблиските соработници на Универзитетот „Комениус“ во Братислава.
Би сакал да изразам особена благодарност за неговиот значаен придонес заедно со другите колеги од Европскиот парламент во рамките на дијалогот „Жан Моне“ за унапредувањето на политичкиот дијалог во Собранието на Република Северна Македонија, особено во контекст на евроинтеграцискиот процес“, пишува Џафери, кој особено го истакнува визионерството на Кукан за обединување на Европа со интеграција на земјите од Западен Балкан, кое, како што вели собранискиот спикер, ќе остане завет за актуелните и идните генерации.
Поранешниот министер за надворешни работи на Словачка и пратеник во Европскиот парламент почина на 83-годишна возраст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

